Најголемите нерешени мистерии од старо време

Секоја година, туристите патуваат на познати места и знаменитости надевајќи се дека ќе навлезат подлабоко во мистериозните градби и она што точно се случило на тоа место пред илјадници години. Разоткривањето на некои мистерии можеби никогаш да не се случи.

Салцбуршка коцка



Во 1885 година, вработен во Австриска леарница, Реидл, откри мистериозна која го добила името салцбуршка коцка. Низ еден мал отвор се обидел да ѕирне што има внатре и забележал некое железо во многу чудна боја и длабока празнина во средината на коцката. Реидл немал видено ништо слично претходно, па откако му го покажал на неговиот шеф, решиле да го пријават ова откритие во музејот „Heimathaus“.

Следната година, професор Адолф Гарлт во музејот изјавил дека откако ја проучил коцката сфатил дека станува збор за дел од метеор. Но, понатамошните студии од Природниот музеј во Виена докажале дека не е дел од метеор, туку дека доаѓа од некој непознат извор. Се претпоставува  дека коцка била старо барем 60 милиони години. Таа денес се наоѓа во музејот во Виена.

Мумијата која вреска



Откриена во 1886 година, мумијата со изглед како да вреска, долго време била предмет на шпекулации. Нејзините органи не биле ни допрени, што не е случај со останатите мумии. Токму затоа се појавиле многу интересни теории, но ниедна потврдена.

Археологот Боб Бриер, сметал дека личноста била убиена и во тој момент извикал и затоа се задржал овој израз. И други научници и археолози сметаат дека станува збор за убиство, но и за труење или запалување на телото.

Во 2008 година, National Geographic снимил документарен филм токму за оваа мумија. Овде е дадена теоријата дека има можност телото да му припаѓа на принцот Пентевер (син на фараонот Рам III), кој бил осомничен за убиството на својот татко. Постари документи од 12 век сведочат дека една од жените на фараонот се обидела да го убие мажот за неговиот син да седне на тронот.

Се смета дека кога нејзиниот план бил откриен, таа го отрула принцот како казна и го завиткала во кожа од овца откако бил мумифициран. Ако ова било случај, тогаш значи дека врисокот бил поради болката од отровот. Но, бидејќи не може целосно да се испита телото на мумијата, се уште останува мистерија дали навистина станува збор за принцот Пентевер.

Ламбите кои постојано светат



Ламбите кои светат без употреба на гориво се откриени насекаде низ светот за време на средната доба. Овие ламби најчесто се наоѓале во гробниците, па се претпоставува дека биле еден вид на светло – водич кое ги испраќало жртвите во задгробен живот. Години подоцна, повеќето од овие гробници биле отворени и ламбите се уште светеле.

Многу личности се едноставно запрепастени од овој феномен. Тие ги обвинувале паганите, додека други одбивале да мислат дека ламбата свети без ништо. Имало и такви кои сметале дека ѓаволот си ја врши работата.

Дури и со денешната напретха технологија, сите оние кои се обиделе да ја направат светилка по примерот  на овие ламби, не успеале. Па така прашањето останува: Како тие светат   и по толку време?

Панксијанските пештери



Познато е дека Панксијанските пештери биле живеалишта пред 300.000 години. Но, освен за луѓето, овие пештери биле домови и на огромни животни. Научниците сепак, се изненадиле кога откриле дека таму живееле праисториски животни. Ова било многу чудно, затоа што пештерите биле 1.600 метри над нивото на морето.

Палеоантропологистот Лин Шепард изјавил дека многу е ретко животни да живеат во така мали пештери во кои. Таа верува дека животните едноставно залутале, а не живееле таму. Пронајдени се остатоци од кожа на носорози.

Едно од објаснувањата е дека поголемите животни ги убивале носорозите и ги носеле во пештерите, а друго дека луѓето ги користеле за храна и орудија. Последната експедиција во овие пештери се случила во 1998 година и оттогаш немал никаков прогрес.

Дамата на шилестиот престол



Дамата на шилестиот престол е назив на мистериозниот и единствен артефакт кој потекнува од 2700 година п.н.е. Ова е еден од најчудните артефакти некогаш пронајден од историјата.

Откако се осигуреле дека не е лажен, италијанскиот археолог Масимо Видале и неговиот тим забележале дека Дамата има „потомци“. Предметот изгледа како еден голем брод кој на почетокот има голема глава од бик. Во внатрешноста на бродот се наоѓаат 15 помали фигури кои може да се опишат како „потомци“. На фигурите има траги од жолта, црвена и црна боја. Некои од машките фигури имаат ист накит на вратот и главата, додека женските потомци седеле на шилци, од каде што потекнува и името на овој артефакт.

Масимо смета дека артефактот бил создаден од старите Индус народи, но значењето и целта остануваат мистерија. Ниеден доказ од овие народи не е откриен, па затоа нема ни други слични пронајдоци.

Стара градба во Галилејското море



Во 2003 година, научниците сосема случајно откриле тркалезна градба во Галилејското море. По 10 години решиле да ги објават пронајдоците, а геофизичарот Шмуел Марко изјавил дека биле изненадени од она што изгледало како статуа од Бронзената доба на дното на морето. Марко шпекулирал дека можеби се работи за медицинска соба – дел од морнарица. Сепак, повеќето археолози веруваат дека оваа медицинска соба се наоѓала на копно, но со тек на време водата ја потопила.

Градбата била во облик на конус, со должина од 70 метри и висина од 10 метри, а тежела 60.000 тона. Може да се спореди со големината на Стоунхенџ. Се верува дека е стара меѓу 2.000 до 12.000 години, според количината на песокот.

Археологот Дани Надел смета дека градбата можеби се употребувала за церемонии и била изградена со големи камења кои тежеле 100кг. Сепак тој истакнал дека ниту годината, ниту целта за оваа градба не се познати!

Скриени чевли во египетски храм



За време на една експедиција во Египет во 2004 година, археолозите откриле необично „богатство“. Во еден ќуп, кој се наоѓал меѓу два други, се наоѓале седум пара чевли. Два пара биле детски, а останатите за повозрасни. Археологот Ангело Сесана изјавил дека овој ќуп со чевли внимателно бил скриен и тоа уште пред 2.000 години.

Андре Велдмејер, експерт по стари обувки, го нарече откритието „исклучително“ поради неверојатната сочувана состојба во која биле пронајдени. Тој ги анализирал чевлите и заклучил дека биле навистина скапи и ги носеле луѓе кои имале некој статус. Сепак, не можел да ја разреши мистеријата зошто луѓето ги криеле и не се вратиле по нив. Тој шпекулира дека се случило некое безредие или некој немир кој го предизвикал сопственикот на чевлите да ги сокрие.

Тунелите кај Бае



Пред повеќе од 2.000 години, замокот Бае кај Рим била една позната дестинација, наизменично препознатлива по минералите со посебна моќ за бесмртност и влезот кон домот на богот Хад. Сега се останати само мистериозните урнатини.

Во 1960-тите, Роберт Паџет и Кеит Џонс одлучиле да ги испитуваат урнатините. Откако успеале да влезат во тесниот премин, се нашле во тесен тунел каде што мирисало на вулкански гас. Роберт открил дека почетокот на тунелот бил насочен кон летното изгревање на сонцето, а целата должина се протегала од исток кон запад. Токму овие ритуали се почитувале додека се градел тунелот. Низ тунелот имало многу празни места за ламби и патокази кои го обележувале патот, но и вентилација скриена во блоковите на системот на тунелот.

Сепак, кога стигнале до крајот на тунелот се соочиле со вистинска мистерија – течение на мала река чија вода вриела. Токму каде што се наоѓала водата, постоел камен, кој исчезнувал во темнината. Тие помислиле дека ако богот Хад навистина постоел, го откриле мистичниот влез на неговиот дом. Во 1965 година, решиле да се вратат во урнатините со помош на полковникот Дејвид Луис, при што откриле дека зовриената вода се произведува од вулканскиот гас. Сепак и со тоа нова претпоставка, тие се уште не ја решиле мистеријата за тоа која била вистинската цел за да се изградат тунелите.

Стапка од антилоп



На 1 јуни 1968 година, аматерот за пронаоѓање на фосилни отпечатоци, Вилијам Меистер, со фамилијата патувал во „Antelope Springs“. Иако бил на одмор, тој сакал да истражи и да побара отпечатоци од некој фосил. Пронашол отпечаток кој изгледал како стапка од чевла, при што штиклата се наоѓала подлабоко од останатиот ѓон. Под стапката, открил два трилобита, и веднаш помислил дека личноста која ги носела чевлите згазнал врз фосилот.

Го земал фосилот на истражување и заедно со други истражувачи открил дека тој бил стар околу 600 милиони години. Кога повторно се вратиле во областа, откриле тенки плочи од камења направени од кал, кои се формирале низ целиот регион.

Мистеријата е дека овој отпечаток од чевла покажува дека некој стапнал врз трилобитите, но не изгледаат дека некој извршил притисок врз нив. Исто така, тирлобитите биле морски суштества, што значи дека кој и да стапнал врз фосилот влегол на нивна територија. Но, се уште не знае кој и зошто.

Пирамидата во Хелиникон



Во Грција има 16 пирамиди, меѓу кои најпозната е пирамидата во Хелиникон.

Првото спомнување на пирамидата било во текстовите од стариот грчки географ Паусаниас. Во неговата книга „Опис на Грција“, тој зборува за една битка која се случила токму на оваа пирамида, но и помирувањето кое се случило подоцна. Се смета дека кај пирамидата е изграден заеднички гроб за сите они кои го изгубиле животот во оваа битка.

Сепак, не се знае многу за оваа пирамида, освен датата на изградбата за која се претпоставува дека е 3.000 година п.н.е, но во 90-тите години се пресмета дека била изградена во 2.720 година п.н.е. Ако оваа дата е точна, тогаш пирамидата на Хелиникон е постара од најстарата пирамида во Египет.

Но, најголемата мистерија за оваа пирамида не е годината – туку целта за што била изградена, која не може да се открие бидејќи сите досегашни напори за ископување биле прекинати и покрај значајноста во разбирањето на старата грчка историја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби