Како се породувале жените низ историјата

Со текот на годините, паралелно со развојот на цивилизациите, се развивала и медицината. Така и жените добиле поголема сигурност кога е во прашање бременоста и породувањето, како и нивното здравје. Дознајте како се менувале бременоста и породувањето низ историјата.


Приказ на породување кој датира од стариот Рим

Некогаш одамна, жените ги раѓале децата стоејќи на цигли. Циглите служеле за тоа жените да бидат што повисоки, со цел бабицата да може да го фати детето кога ќе излезе од неговата мајка.

Кога луѓето го напуштиле номадскиот начин на живот и почнале повеќе време да поминуваат на едно место, почнале да ги користат столиците за породување, како би им се олеснило на жените.

Иако за денешно време ова звучи неприфатливо, на жените некогаш им се давал алкохол за да им се ублажи големата болка која се чувствува за време на породувањето.

Жените од повисоките општествени слоеви биле приморани да се породуваат во јавност, со цел да бидат избегнати манипулациите, како замената на бебиња и слично.

Во некои јужноафрикански племиња, жените смееле да се венчаат исклучително за време на самото породување. Не е баш пријатно да се замисли како жената го изговара судбоносното „да“ додека чувствува неподносливи болки.

Во некои средини, жените за време на породилните болки морале да направар торта заради верувањето дека тоа ќе им ги намали потешкотиите. Таквата торта била наречена „колач на издишувањето“.


Породување во стариот Египет

Бидејќи сè до ХХ век не се посветувало големо внимание на хигиената и пренесувањето на зарази, повеќето од жените биле породувани со валкани раце.

Долги години, заради лошите услови и неразвиените техники на породување, бременоста за секоја жена била опасна по живот.

Лековите против болки, кои се користеле за време на породувањето се откриени дури на почетокот на ХХ век, но тогаш била забранета нивната употреба, бидејќи се сметало дека смислата на женскиот животен пат лежела во издржувањето на болка.

Во културата на Индијанците, жените се породувале стоејќи или во клекната положба, а детето морало само да излезе од мајката. Со цел да се ублажи неговиот пад, под нозете на мајката биле поставувани слоеви од лисја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби