Веќе 23 години колку што и трае нивното емитување, Симпсонови се омилена анимирана серија на многу генерации. Малку изненадува фактот дека видеото, кое покажува како омилените ликови изгледаат во реалниот живот, се појави дури сега.
Анонимен уметник ја искористил воведната шпица од оваа најпопуларна анимирана серија со цел да покаже како Хомер, Марџ, Лиза, Барт и Меги би изгледале во вистинскиот живот.