Што ви предвидува народниот вечен календар стар 200 години?

Народниот вечен календар е книга која во минатото била дел од секое домаќинство. Во неа постоеле многу толкувања на соништата, предвидувања за судбината, како и разни гатачки работи за плодна и бериќетна година. Она што веќе 200 години го привлекува човештвото е астролошкото толкување испишано во овој народен календар.

Сѐ што треба да направите е да го прочитате толкувањето за месецот во кој сте родени, за да ги дознаете едни од најважните работи во вашиот живот.



Јануари

Родените во јануари се многу досетливи, искрени, простодушни, често посегнуваат по алкохолот, а за една минута може многу да се налутат. Тие многу често знаат да го менуваат мислењето, односно едно да мислат – а друго да зборуваат. Кога се под дејство на алкохол, се занесуваат и мечтаат, го прегрнуваат и бакнуваат секој кој ќе му се најде во близина. Белег од раѓање имаат на прстите, рамената или ноктите.

Родените во овој месец најголемата среќа ќе ја доживеат токму во јануари. Во февруари ќе имаат среќа со работа поврзана со вода. Во јуни постои можност тешко да се разболат, но и да оздрават. Свадбите се предодредени да се случуваат во јули и ако го изберат овој месец многу ќе бидат сакани и почитувани од партнерот. На мажите родени во јануари им пишува дека првата жена ќе им умре, а дури по 30 години ќе ја пронајдат среќата. Ќе чувствуваат болки во вените, колената и главата. Водата е мошне опасна за нив и затоа мора многу да се чуваат. Ако ја преживеат 25-тата година, ќе живеат до 70 години, а смртта ќе настапи во месец август.

Жените се убави, лакоми, тврдоглави и сакаат многу да спијат. Исто така и нив им се припишува дека првиот маж ќе им почине, но со вториот ќе живеат многу добро. Имаат навика по цели денови да зборуваат за ситни работи, но ништо што не ги интересира самите. Ќе боледуваат од трески и главоболки. Пресврт во животот ќе доживеат на 3, 16 и 26 години, а смртта ќе ја дочекаат по 76-тата година.

Февруари

Родените во февруари имаат среден раст, сплескан нос, дебели усни и краток врат. Ќе бидат горди, а ако се познати во јавноста многу ќе бидат почитувани. Постојано ќе се фалат со своите достигнувања. Ќе патуваат во странски земји, а имаат можност да добијат огромно наследство од странство. Ќе се збогатат и ќе бидат добри шефови, а ќе имаат милост и кон сиромашните. Белези од раѓање имаат на образите, рацете или главата. Можно е да преживеат удар од гром или напад од змија.

Во февруари ќе имаат огромен напредок, а во ноември е можно да се разболат. Мажите родени во февруари ќе се плеткаат со мажени жени, а истото ќе им се врати како бумеранг. Ќе има болки во нозете, забите и очите. Најважните периоди од животот се на 9 и 28 години, кои ако ги преживеат ќе доживеат длабока старост до 90 години. Смртта ќе дојде во декември, месец во кој особено треба да се чуваат.

Жените родени во овој знак ќе имаат прекрасен лик. Ќе патат од болки во нозете, но само во младоста. Ќе имаат костенлив тен, румени образи, убави веѓи и многумина ќе кажат дека е вистинска кукла. На 3 и 5 години ќе се разболат, па ако го преживеат ова, ќе живеат долго. Многу се фалат за убавиот живот. Промените ќе ги дочекаат на 10, 15, 25 и 30 години, а ќе живеат над 81 година. Ќе имаат чести главоболки.

Март

Родените во март се слабокрвни, но секогаш подготвени за добра работа и се добри слуги. Имаат мали образи и големи усни, препаметни се и немаат страв од ништо. Знаат да се лути, но лутината брзо им поминува. Богати се и почитувани, но со оглед на тоа дека брзо го губат богатвото, повторно ќе го стекнат. Нема да бидат ниту многу богати, ниту многу сиромашни. Ќе достигнат до голема слава, ќе патуваат низ разни земји, но мора да се чуваат од лошо друштво. Можно е да се ранат од старо дрво, кое потоа ќе стане труло. Најголемата среќа ќе ја дочекаат во март.

Ќе живеат подолго од своите браќа, сестри и родители. Мажите родени во март, со првата жена нема да бидат долго, а со втората ќе имаат многу деца и заедно ќе бидат многу среќни. Во август ќе се разболуваат и ќе доживеат многу лоши работи, додека во септември и ноември ќе се збогатуваат. Во јануари ќе постигнат добри успеси, а во мај ќе претрпат одредени штети. Белег на раѓање имаат на главата или бутот. Живот им е поделен на два период и тоа ако го преживеат еден од нив на 22 години, ќе доживее смрт по 69 години и тоа во месец октомври. Ќе страдаат од болки во коските и крвните садови.

Жените родени во март ќе имаат нежен лик, кафени очи и на секој ќе му се допаѓаат. Во младоста често ќе се разболуваат. Ако ја преживеат 6-тата година, ќе бидат домаќинки, но честопати ќе паѓаат во депресија. Понекогаш ќе живеат во беда, ќе патат од болки во колената и срцето, а ако ги доживеат 12, 15 и 36 година ќе доживеат длабока старост. Белези имаат на рамениците и градите. Ќе страдаат од болки во срцето, колената и на забите.

Април

Машкото дете родено во овој месец е русокос и срамежлив, а ќе доживее големи успеси и ќе биде вреден на работа. Ќе биде слаткоречив и целиот свет ќе го почитува. Ќе има страшен поглед. Сака да игра игри и да прави се што го опушта. Белег од раѓање има на очите или рамениците. Ја сака војната и војувањето, но има добра душа. Сака песни и свирки. Знае да чува тајни, но за совет никој нема да прашува, ниту пак ќе ги слуша оние кои го советуваат. Ќе биде голем женкар, но сепак ќе има среќа кај понежниот пол.

Во април ќе има среќа и добивка. Неговиот бизнис ќе цвета во мај. Знае да се противи секому. Ако се роди во ноќно време ќе биде богат, а ако е роден преку ден ќе биде сиромашен, сепак ќе прави мног добри дела за добротворните организации. Многу ќе патува. Мора да се чува од лошото општество, од каде што може да се зарази од некоја неизлечива болест. Во јануари и февруари се успешни во тргување. Ќе ги надживеат своите родители, а главно ќе имаат ќерки. Ќе патат од главоболки и боли во очите. Смртта ќе настапи во ноември по 58-мата година.

Жените родени во април ќе ги имаат истите предвидувања како и мажите. Ќе имаат прекрасно лице, весел поглед и полн глас. Ќе имаат болки во главата и цревата. Белег од раѓање ќе имаат на градите или главата. Секогаш си стојат на својот збор.

Мај

Родените во овој месец ќе бидат убави со чист лик и остар поглед, склони кон огромни успеси, поради што ќе настапат и огромни слави. Ќе бидат паметни, милосрдни и со добар дух. Многу брзо ќе заработуваат, но нема да знаат да ги ценат парите поради што ќе претрпат одредени неволји. Кога се лути многу зборуваат. Ќе се запознаваат со големи луѓе. Белег од раѓање ќе имаат на главата или ноктите.

Мажите ќе стапат во брак во септември, а сопругата ќе им роди близнаци. Во октомври ќе чувствуваат немоќ и слабост, додека во октомври можно е да се оженат по втор пат и секој бизнис кој ќе го започне ќе му биде обележан со успех. Ако ја преживеат 24-тата година од животот, смртта ќе настапи дури на 70 години и тоа во месец декември. Ќе патат од болки во градите и стомакот.

Жените родени во овој знак имаат правилен раст, убави се и не зборуваат многу. Она што сакаат да ви го кажат ќе го кажат во очи, а не зад грб. Во младоста ќе имаат јака крв, а во подоцнежниот период ќе страдаат од главоболки. Среќна рака имаат во трговијата, не знаат да изневеруваат и знаат вистински да сакаат. Ќе патуваат по странство, но секогаш ќе се враќаат во родната земја. Ќе имаат белег на рацете, нозете и бедрата.

Јуни

Родените во овој знак ќе бидат разумни, сакаат уредно и модерно да се облекуваат, а нема да се замараат со науката. Ќе имаат многу убаво бело и нежно тело. Не знаат за лаги, а постојано ќе ги следи среќа. Ќе имаат белег од раѓање на половината, а може да имаат и белек од куче, кое ќе ги нападне. Сакаат да се фалат, по малку се лакоумни, но затоа се огромни пријатели. Во јуни ќе доживуваат успех на секое поле.

Децата на мажот роден во овој месец ќе му бидат самоволни, а жената ќе биде неверна. Ќе ја надживее својата сопруга. Ќе има болки во забите, рацете и нозете. Можно е да почине поради проблеми во колената и тоа по 66-тата година, во месец мај.

Жените кои се раѓаат во месец јуни се убави, слаби и гостопримливи. Ќе имаат болки во очите. Имаат добра волја, огромно срце, сакаат песна и свирки, при што постојано потпевнуваат. Лесно се движат, но затоа брзо работат. Можно е да имаат несреќа во љубовта со првиот маж, но по некое време повторно ќе се заљубат. Пресврти во животот ќе им се случуваат на 1, 4, 18 и 50 години, а ќе живеат до 85 години. Ќе патат од главобоки и трески.

Јули

Мажите родени во јули ќе бидат склони кон добри дела, јунаци, разумни, трудољубиви, а ќе ја сакаат вистината и правдата. Ќе ги почитуваат сите луѓе, особено странците. Жените ќе ги сакаат и поради тоа ќе уживаат во љубовта. Ќе имаат белек од раѓање на градите и на едната страна од телото. Можно е да се соочат со беда, но и да излезат од неа. Лутината брзо им доаѓа, но и брзо им поминува. Во јули ќе стекнат големо богатво, а во август ќе имаат успех заедно со своите пријатели. Ќе ги сакаат своите браќа и сестри. Во втората половина од животот ќе станат богати. Ако ја преживеат 31-та година, ќе живеат до 76 години. Ќе имаат болки во главата и рамениците.

Жените ќе бидат паметни и многу убаво ќе се изразуваат. Може да имаат жесток карактер, но кон луѓето се многу љубезни. Ќе се мачат при пораѓање, но ќе имаат добра среќа. Навечер не треба да пијат вода и треба да се чуваат од гром. Ќе родат син и ќерка поради кои ќе имаат одредени непријатности. Нема да имаат непријатели и сите ќе ги почитуваат. Ќе имаат болки во очите, забите и рамениците. Промени во животот ќе доживеат на 11, 19 и 23 години, а ќе доживеат старост до 80 години.

Август

Мажите родени во овој знак ќе бидат милосливи, со добра волја и ќе бидат склони кон науките и уметностите. Треба да се чуваат од големите луѓе и да не се дружат со нив. Белег од раѓање имаат на лицето, колената или градите. Имаат насмеано лице и постојано го менуваат мислењето. Ќе имаат многу деца, а повозрасните луѓе ќе ги обожаваат, додека од своите ближни ќе дочекаат само омраза. Многу ќе бараат, а малку ќе даваат. Најголемата среќа ќе ја доживеат во јуни, а понекогаш и во август. Треба во јули да се воздржат од женидба. Ако ја преживеат 40-тата година, ќе доживеат длабока старост.

Девојките родени во август во младоста ќе бидат болежливи, ќе имаат бело лице и светла коса. Ќе се радуваат на туѓите успеси. Можно е да паднат од висина. Белег од раѓање ќе имаат на градите или вратот. Ќе имаат машки деца. Промените во животот ќе ги доживеат на 1, 5, 28, 37 и 40 години. Во оној ден во кој се родиле, во тој и ќе се разболат, а ќе патат од трески и главоболки.

Септември

Мажите родени во септември ќе ја сакаат вистината и правдата. Ќе имаат белег на лицето или рацете. Ќе бидат голем женкари, лудо ќе патуваат во туѓи земји, но во својата ќе умрат. Ќе патат од вода, а ќе имаат потешкотии справувајќи се со некое неверство. Во јуни секоја работа ќе им биде успешна, а во октомври ќе имаат огромна среќа и напредок. Ќе се збогатат во подоцнежните години. Првата жена ќе ги остави, а втората ќе ги усреќи. Од своите деца ќе доживеат голема жалост. Ако преживеат 44 и 60 години, ќе доживеат и длабока старост. Ќе патат од болки во градите и грбот.

Девојките ќе имаат широки образи, а во 3-тата година ќе доживеат многу болки. Ќе бидат „брбливки“, но многумина ќе ги слушаат. Ќе се заљубат во некој маж и ако се омажат со него ќе патуваат низ странство. Никој нема да слушаат, а ќе се плашат од кошмари. Ќе имаат болки во градите и главата. Не треба да се дружат со лоши луѓе ниту да примаат совети од нив. Во бракот ќе бидат среќни. Уште млади ќе родат деца и мирно ќе живеат. Ќе доживеат старост дури до 100 години.

Октомври

Мажот роден во октомври може лесно да се предаде на лоши работи, ако не биде добро одгледан и воспитан од своите родители. Сака пари и склон е на лаги и измами. Сепак, знае и за добри дела, поради што ќе биде почитуван од големи луѓе. Ќе дава големи чекори, но ќе се однесува ладнокрвно, а ќе биде и доста сакан. Ќе патува низ вода, а ќе биде ранет од дрво. Во септември работите ќе му одат во негова корист, а ако се ожени во април ќе биде среќен во бракот. Ако ја преживее 44-тата година, ќе живее до 80 години, кога смртта ќе настапи во мај.

Жената родена во овој месец ќе биде висока, со долга коса и убаво тело. Ќе се плаши од вода и оган. Има можност да ја нападне куче. Ќе се омажи за некој маж, но по некое време ќе го остави. Ќе биде грижлива кон своите родители, но и кон своите деца. Ќе се разболи на 3, 12, 27 и 36 години. И во средината на животниот век повторно ќе се разболи тешко и ако преживее ќе живее до 89 година. Ќе има болки во главата и стомакот.

Ноември

Мажите родени во овој знак се разумни, паметни и правдољубиви. Често ќе патат од главоболки. Белег од раѓање ќе имаат на градите или челото. Ќе бидат добри говорници. Брзо се лутат, а уште побрзо се одлутуваат и развеселуваат. Многу се весели и знаат да го забавуваат друштвото, а за пријатлеите и главата ќе си ја дадат. Од родителите ќе добијат наследство и ќе бидат многу имотен. Токму во месец ноември ја имаат најголемата среќа. Ќе се оженат два пати, а со првата жена немаат да има деца. Ќе патуваат по странство, а татко му ќе ги изведе на вистинскиот пат. Ќе доживеат старост до 77 години, а смртта ќе настапи во април.

Жените родени во ноември ќе бидат со плави очи и костенлива коса. Ќе имаат добар маж, а треба да се чуваат од лоши жени и бесни кучиња. Ќе паднат од висина и ќе добијат удар во главата, но ќе преживеат. Ќе имаат многу деца, меѓу кои и близнаци. Поради мажот ќе паднат во жалост, но самитр себе ќе се издигнат и повторно ќе бидат среќни. Ќе доживеат старост до 76 години. Ќе имат главоболки, болки во градите и коските.

Декември

Мажот роден во декември е силен, убав и убаво се изразува. Остар е и лут, а по тоа личи на мајка му. Од него немаат многу луѓе корист, бидејќи многу ветува, а малку исполнува. Ќе се жени повеќе пати, а ако се ожени во јули ќе има среќа. Никако не може да седи на едно место, па постојано шета. Родителите ќе ги растажи, но повторно ќе ги развесели. Во јануари ќе има голема среќа и успех, а секоја работа која ќе ја започне во декември, ќе заврши со успех. Ќе има болки во стомакот, а смртта ќе настапи по 55-та година.

Жената родена во овој месец има румени образи и црни очи. Ако се роди на празник – ќе биде гостопримлива. Ќе има белег на средина на телото. За жак ќе роди едно болно дете, но сепак добро ќе живее. Не зборува многу, но затоа знае да си зборува сама на себе. Чезнее за слава и често се фали самата. Ќе доживее старост до 79-та година, а ќе има болки во нозете, главата и стомакот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби