Бездомник сакал да и’ плати такси - таа му се оддолжува на необичен начин

Студентка од Престон се обидува да собере пари за бездомникот, кој пред неколку дена и' ги понудил последните 3 фунти од џебот за да плати за такси. За неколку дена собрала 14.000 фунти.



Доминик Харисон Бенце (22) од Престон, враќајќи се со такси од град, во моментот кога требала да се качи во такси, забележала дека ја изгубила кредитна картичка. Кога милостивиот бездомник Роби забележал што се случувало, веднаш и’ ги понудил последните 3 фунти.

Доминик одбилa да ги земе парите, но одлучила да формира фонд „Помош за Роби", за да му се оддолжи за гестот кој и’ го стоплил срцето.

За кратко време, собрани се скоро 14.000 фунти. Веб-страницата станала толку популарна, што поради зголемениот број на трансакции во неколку наврати не била достапна.



- Инсистираше да ги земам пари за такси за да можам безбедно да пристигнам дома, се сеќава Доминик на средбата со Роби.

- Иако одбив да ги земам парите, многу ме трогна неговиот гест. Веднаш се обидов на Фејсбук да најдам некој кој знае повеќе за него. Дознав дека не сум единствената на која и’ помогнал, вели Доминик.

Според неа, таа стапила во контакт со неколку луѓе на кои Роби им ги вратил паричниците, помагал на луѓе кои залутале, дури и и’ понудил шал на некоја девојка кога ја видел како се тресе на студот.

- Бездомник станал пред седум месеци, но не по своја вина. Не може да најде работа бидејќи нема постојано место на живеење, објаснува студентката.



Потребни и’ биле четири дена за да го пронајде.

- За малку ќе се откажев од намерата, но сега не само што сакам да му дадам пари, желба ми е да поминам неколку дена на улица заедно со него, за да го почувствувам тој живот.

Главната цел на донацијата е средствата кои ќе бидат собрани од добрите луѓе да му ги даде на Роби за да може да остави депозит за стан, а со тоа да има постојана адреса, која ќе му отвори можност за наоѓање на работа.

Навистина секое добро со добро се враќа!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби