Одвратен тренд: Девојчиња на Facebook се натпреваруваат во голотија

Голотијата на Facebook и останатите популарни друштвени мрежи не е новитет. Секојдневно можеме да налетаме на разголени провокативни фотографии кои самите корисници, најчесто оние од понежниот пол ги постираат без срам, од танга до разголени задници и гради па се до некои слики додека вежбаат во тесни шорцеви. Сепак, она што загрижува е дека тој тренд го прифаќаат и малолетничките, па така на социјалните мрежи во Србија, најпопуларните девојчиња кои имаат по 13 и 14 години за својата популарност се борат со експлицитни фотографии?!

- Најновиот тренд, што ни го потврдија директорите на основните училишта и социолозите се шири како епидемија, девојчињата испраќаат свои разголени фотографии на други лица и ги повикуваат на раскалашено однесување. Што повеќе голи и провокативни фотографии имаат, толку повеќе луѓе ги следат на Facebook. Потоа истити ги повикуваат и другите девојчиња, најчесто другарките од школото да се запознаат со нив, да споделат некоја фотографија, пишува српскиот весник Blic.

- Првпат слушнав за овој случај кога ќерка ми ме праша за дозвола да се запознае со една од нив. Кога го видов профилот на девојчето, малку фалеше да паднам во несвест. Нејзините во потполност голи фотографии можеа да се најдат на социјалните мрежи - раскажува мајка Г.Л. која ги повикува родителите да внимаваат.

Едно од најпопуларните девојчиња која има преку 5.000 пријатели, себеси се нарекува „к*рвобранителка“, а остава бројни провокативни фотографии и видео записи. Она што е алармантно е дека, покрај малолетните момчиња, нивните фотографии ги коментираат и полнолетни мажи, кои ги повикуваат на секс.

- Едно од тие девојчиња оди во нашето школо и се обидовме да ги предупредиме родителите. Меѓутоа, тие обично не прекоруваат со зборовите - Што ви е грижа што моето дете прави надвор од училиштето. Ние сме должни секое девијантно однесување поврзано за дете да го пријавиме. Еден таков случај пријавивме и во Центарот за социјално работење, но ништо не се случи - изјавил директор на основно училиште во Белгрaд за Blic.

Девојчињата кои имаат илјадници „пријатели“ на социјалните мрежи ги повикуваат и заинтересираните деца на дружење и фотографирање.

Профилите на овие девојки се полни со пораки и фотографии кои се непримерни за нивните години, а колку се популарни зборува и посебната страница на Фејсбук т.н. озборувачки која го следи секое нивно движење.

- Дознавме една интересна вест. Денеска Т. беше на училиште, со А.Б. отиде во тоалет и зборуваа за нешто „многу важно“. Што е тоа толку важно ќе дознаеме во најкраток можен рок, пишува во извештај од страницата.

Факт е дека девојчињата кои оставаат свои разголени фотографии на социјалните мрежи не се свесни дека лесно можат да станат плен на педофили и сексуални предатори. Од здружението „Родител“ велат дека она што најмногу ги загрижува е незаинтересираноста на родителите.

Слични работи се случуваат и по македонските профили, но само на повозразните жени. Да се надеваме дека овој тренд некако ќе запре, но за тоа мора да реагираат родителите и надлежните. Во спротивно ситуацијата во Србија нема да остане непозната за нас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби