Преживеј го тоа!

Преживеј го тоа! Е еден од најкомплексните серијали поврзани со преживување, но во исто време и забавна игра помеѓу пријателите на кои преживувањето им е работа. Забавно е за оние членови од кампот кои гледаат како еден член од дружината се бори за опстанок. Во секоја епизода се киднапира по еден стручњак за преживување и со врзани очи се спушта во немилосрдните предели. Неговата цел е во рок од 100 часа да пронајде цивилизација. Но, за да се победи во оваа игра не е доволно само да се преживее, туку мора тоа да го направите со стил. Секој потег и одлука е внимателно следен од останатите членови. Екипата е составена од Џејк, Мет, Том и Тери, со тројца нови искушеници . Сите тие заедно се мешавина од специјални единици на американски маринци, Зелени беретки и останати стручњаци кои поседуваат вештини потребни за преживување. Ова е најголема игра за преживување која се одвива помеѓу пријатели кои воедно се и најдобри стручњаци за преживување!



Во втората сезона од овој серијал,  (премиера на 02 март во 23:00 часот на Дискавери каналот кој се емитува на MaxTV и е достапен под реден број 102) секој од нив ќе биде киднапиран, со превез преку очите и ќе биде спуштен некаде во дивината без храна и опрема. Снимателот кој ќе биде со него нeма да смее да му пружи никаква помош.

Од Африка до Трансилванија, при екстремни температурни разлики, од замрзнатите планински врвови до подводните карпи, момците преку опасна смисла за хумор ќе се тестираат едни со други во вештините за преживување. Труење со храна ? Пиење крв? Консумирање измет? Тие ќе ви покажат баш се!



Во оваа сезона ќе го гледаме поранешниот специјалец Џејк кој потполно неспремен ќе биде спуштен во африканската пустина Намиб. Додека останатите членови го гледаат од кампот, неговата цел е да постави нов рекорд во играта. Потоа, Мет кој е стручњак за примитивни вештини ќе биде оставен во опасната афричка савана само со крв за пиење.

Втората сезона на серијалот Преживеј го тоа! покажува како на овие мајстори за разни вештини за преживување понекогаш борбата со природата им е поедноставна отколку борбата со пријателите и нивната немилосрдна смисла за хумор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби