Дали животот ви е возбудлив како бајка или целиот е западнат во тмурност

Дали животот ви е возбудлив како бајка или целиот е западнат во тмурност, нерасположение...? После овие петнаесетина прашања,одговорот на дилемата ќе биде поедноставен и попат може да научите да живеете романтично, возбудливо и сите проблеми да ги распрснете како со магично стапче!



1. Што би сте сакале да најдете во оставата или шупата во дворот?

а) косилка за трева,
б) слатки скриени за комшиските деца,
в) куп стари книги,
г) велосипед,
д )метла,

2 Дали ваша омилена локација за летување е:

а) пријатна куќичка на село,
б) борова шума на,
в) вила на некој остров,
г) луксузен хотел,
д) пуст остров,

3 .Девојче од соседството ви вели дека видела самовили во вашиот двор:

а) ќе и речете да се губи,
б) ќе се правите дека и вие сте ги виделе,
в) ќе се запрашате дали навистина постојат,
г) ќе ја замолите да ви раскаже се,
д) ќе се насмеете и ќе тргнете со неа да ги пронајдете,

4 .Не се согласивте да купите амајлија од некоја гатачка,затоа таа се налутила и ви се заканила дека ќе ви наштети:

а) ќе ви биде сеедно,
б) малку ќе се загрижите,
в) ќе се насмеете на цел глас,
г) ќе направите еликсир за да се заштитите,

5. Во напуштена селска црква сте слушнале пеење. Вашата прва реакција е:

а) се прашувате кој ли пее,
б) ќе се воодушевите,
в) ќе помислите на романтично венчавка,
г) ќе се наежите,

6. Најмногу би сакале куќниот љубимец да ви биде:

а) коњ или магаре,
б) верен пес,
в) не сакате животни во куќа,
г) црна мачка,
д) пирана,

7.Во луна парк најмногу сакате да:

а) одите на стрелиште,
б) куќата на стравот,
в) само шетање околу,
г) да јадете пуканки со драга личност,
ѓ) да се возите на вртелешка,

8.Кучето на пријателот за несреќа загинало,Вие:

а) ќе му одржите посмртен говор,
б) иако многу не ви е „галје“ за смртта на кучето, ќе останете во близина ,
в) со доста разбирање ќе се обидете да го расположите,
г) му кажувате дека ви е жал, но,сепак тоа е само куче,
д) ќе плачете со пријателот,

9. Вашите сништа се:

а) кошмарна фантазија, преполна со суштества кои ве прогонуваат,
б) мешавина на живописни призори во кои се појавуваат луѓе кои ги познавате,
в) мисловни, спори, преполни со дијалог,
г) возбудливи,
д) досадни и обично сместени во секојдневниот живот,

10. Многу брзате и доцните на важен состанок, а гледате старица како едвај поминува улица:

а) ќе ја игнорирате,
б) ќе и помогнете,но попат ќе смислите изговор за доцнењето,
в) долго ќе размислувате за важноста на состанокот додека гледате како таа ја поминува улицата,
г) ќе и помогнете затоа што мислите дека после тоа ќе ви се насмевне среќна ѕвезда,
д) не само што ќе и помогнете да ја помине улицата туку и ќе ја одведете тамо кај што тргнала,

11. Кога купувате облека за некоја пригода:

а) ќе купите многу скапо одело,
б) ќе купите подароци и за другите,
в) најмногу време ќе поминете во книжарница,
г) ќе уживате што сте се честеле себеси,
д) наместо облека за вас ќе купите некоја непрактична и глупа работа,

12.Што за Вас значи Божиќ?

а) денови кога се прејадувате,
б) време за забава, семејство и пријатели,
в) мистичен период кој ве потсетува да размислувате за ѕвездите и минливоста на животот,
г) време кога се подарува,
д) време кога се одмарате дома од секојдневните обврски,

13. Пријателот ви е опседнат со чудовишта, монструми. Добил прилика да оди во Шкотска да го види познатото чудовиште Лох Нес. Посакува да одите со него;

а) прифаќате и едвај чекате да почнете со лов на чудовишта,
б) веднаш прифаќате во надеж дека ќе отседнете во хотел кој гледа на езерото,
в) го прифаќате повикот сметајќи дека тоа патување, мора да биде забавно
г) одите ама се задржувате на безбедно растојание од езерото,

14. Сте планирале да поминете мирно и осамена вечер пред ТВ. екранот, но ви се расипува баш тогаш:

а) се решавате да слушате радио,
б) се жалите над вашата судбина,
в) поканувате пријател на гости и разговарате со него,
г) излегувате со пријателите,
д) читате хороскоп,

15.Пријателите Ве прашуваат за совет за декорирање на нивниот мал, симпатичен стан:

а) предлагате нежни бои и неколку парчиња мебел,
б) вие лично сакате комбинација од виолетово и црно,со многу светилки,
в) им велите дека најубаво сами ќе си го уредат станот.
г) предлагате светли слики и полна библиотека,
д) им велите дека е најубаво да се преселат во поголем и поубав стан,



Најмногу одговори под А

Тажно е колку е животот за вас сериозен и без некаква магија. Не е баш се така црно. Почнете да ги запишувате своите соништа штом се разбудите, можеби тоа ќе ви помогне да ја поттикнете вашата заробена фантазија,а со неа и животните радости кои ги красат среќните луѓе. Пробајте се што мислите дека ќе ве разбуди. Одведете неколку деца во циркус или со нив поиграјте си.

Најмногу одговори под Б

Во врските сте расположени за кавга, лути. Иако не сте баш потполно оперирани од романтика, имате проблем да ја сфатите смислата на животот. Подарете букет рози,излезете на некое убаво место ќе видите дека Ќе ви биде животот поубав

.Најмногу под В

Толку сте обземени со чувствата дека треба да им угодите на другите, па, мислите дека треба да трчкате наоколу со волшебно стапче за да им го подобрите животот на другите. За себе немате никогаш време да направите нешто добро. Во врските сте добри и чувствителни, но често имате потреба да чувствувате необјаснива потреба за чувство на вина и тогаш сте не баш пријатни за друштво.

Најмногу под Г

Знаете дека не сте баш способни самите да ги решите сите светски проблеми и затоа најчесто сакате да седнете во некој симпатичен и безбеден агол, од каде ќе гледате како другите трчаат. Вие најверојатно сакате да играте шах или да читате многу напорни книги,но сепак најмногу сакате да размислувате.

Најмногу одговори под Д

Магијата е дефинитивно на ваша страна. Вие знаете како да уживате во овој бурен живот. Сте забележале дека тоа се одразува и на околината која со причина ве смета за добро друштво. Совршен партнер сте. Вашето грижливо и меко срце спремно е да помогне секому. Едноставно вие сте идеални!Да ли навистина постоите?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби