Од Лондон до Њујорк: Русите ќе градат автопат долг 20.000км

Што би рекле, кога вашите пријатели ќе ве повикаат на пат околу светот од Лондон до Њујорк и тоа со автомобил? Веројатно би помислиле дека тоа не е можно, но ако им веруваме на Руските железници, еден ден може да се движиме по автопат кој ги поврзува Лондон и Њујорк.

Според „The Siberian Times“, претседателот на Руските железници, Владимир Јакунин, предложил план за изградба на транссибирски автопат. Планираниот пат би поминувал низ Лондон, западна Европа, преку Москва и Сибир до Беринговото море во Алјаска и ќе продолжува сè до Њујорк на источното крајбрежје во САД. Амбициозниот предлог бил претставен пред Руската академија на науките во Москва.



Проектот наречен Транс-Евроазиски развоен прстен, носи изградба на големи патни сообраќајници чиј тек би бил покрај веќе постоечката транссибирска железница, која ќе биде обновена.

- Ова е меѓудржавен и меѓуцивилизациски проект кој ќе ја претставува иднината на светот со напредни технологии, изјавил Јакунин.

Сообраќајницата би се движела преку цела Русија поврзувајќи ги патните состави во западна Европа и Азија. Имено, оддалеченоста меѓу руската источна и западна граница е околу 10.000км.



Јакунин истакнал дека патот ќе ја соедини Русија со Северна Америка преку рускиот Чукотски автономен округ, поминувајќи го Беринговиот пролаз, па да се спушти во градот Ном на Алјаска, познат по добивање на злато.

Се уште не е познато како патот ќе го прескокне морето меѓу двата континенти, но за сега отворени се сите опции – од траект до тунел, Најмалата оддалеченост меѓу Алјаска и Русија изнесува 88км.

Вкупната должина на планираниот транссибирски автопат од Лондон до Алјаска би изнесувал 12.978км, но ако инфраструктурата се изгради до самиот крај, оддалеченоста до Њујорк би изнесувала 20.777км. Исто како и километрите, и цената за изградбата на овој автопат би била спектакуларна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби