Интересен трик за најубави велигденски јајца

Најголемиот христијански празник Велигден се наближува, а со тоа и радоста во домот околу вапсувањето на јајцата. Најлесно е да ги ставите да се бојадисаат во сад со боја, но можете да бидете малку покреативни и со малку труд да ги имате најубавите велигденски јајца.



Овој пат ви претставуваме трик за бојадисување со помош на свилен материјал со интересен дезен, со помош на кој истата шара ќе ја пресликате и на јајцата. Се изведува мошне едноставно – само следете ги наведените чекори:

1. Исечете шарени парчиња свила и исто толку парчиња бело платно.

2. Завиткајте го јајцето во свилата, а потоа во белата ткаенина и заврзете го или закачете го со шнола за коса.

3. Повторете ја постапката со останатите јајца.

4. Ставете ги јајцата во тенџере и дополнете го со вода.

5. Во водата додадете 3 супени лажици алкохолен оцет, ставете го тенџерето на среден оган да зоврие и оставете го да врие уште 15 минути.

6. Извадете ги јајцата, оставете ги да се изладат, а потоа отвиткајте ги од материјалот.

Истата свила можете да ја користите неколку пати, а резултатот е следен:



За подетално да ја проследите постапката, погледнете го видеото:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби