Велигденски обичаи: Вистинско распнување на луѓе и варење јајца во урина?!

Велигден се смета за најголемиот христијански празник, кој во домовите носи топлина, блискост и соединување. На Велики четврток се присетуваме на последната вечера, Велики петок е споменден на Исусовите маки, Велика сабота е ден за тишина и молитви, додека Велигден, Христовото воскреснување, се слави во недела и во понеделник.



Обичајот на бојадисување на јајца е можеби најголемата радост во семејството. Јајцето е симбол за нов живот, па се смета дека велигденското јајце всушност го претставува излегувањето на Исус од гробот и неговото воскреснување. Украсувањето јајца за Велигден е традиција која датира најмалку од 13-иот век, велат некои извори.

Децата нетрпеливо ја чекаат играта со кршење на јајата, која настапува на полноќ сабота кон недела, во потрага по победникот чие јајце ќе остане нескршено.



Овие правила, се карактеристични за нас, како и за околните земји, но истите се среќаваат и во други делови на светот. Но, на други места пак, постојат значајно необични велигденски традиции со кои никогаш не сме се сретнале. Еве дел од нив:

- На Филипините велигденската традиција наложува самоказнување како спомен на Исусовите маки – таму се камшикуваат доброволци и се распнуваат на крст како би го споделиле патењето на Исус.


Камшикување за Велигден на Филипините


Распнување на доброволци на Филипините

- Во Шпанија традиционална е велигденската поворка која минува низ градовите. Така се обележува патот на крстот, а необични се костимите на луѓето во поворката, кои потсетуваат на припадниците на озлогласениот Ку Клакс клан.


Велигденска поворка во Шпанија

- Во Кина велигденските јајца се подготвуваат на необичен начин – се варат во урина, најчесто детска. Тоа наводно им давало одлична арома.



- Во Латинска Америка, традиционален е ловот на вапсани јајца, а децата се најчестите учесници во играта.



- Во Аргентина луѓето се собираат низ градските улици и пеат песни.

- Во Мексико се пали ликот на Јуда кој го издал Исус.



- Во Чешка и Словачка постои традиција на камшикување на жени, но тоа не се прави со вистински камшици. Со овој обичај на жените наводно им се дарува добро здравје и плодност.

- Во Унгарија во понеделникот после Велигден, жените ги полеваат улиците со вода од канти, облечени во традиционални носии.

- Во Норвешка Велигден не се поврзува со религија, туку со криминалистички жанр. Обичај е за овие денови да се гледаат и читаат крими дела, па таа недела најчесто се нарекува и велигденско злодело, а на ТВ каналите дури и се прикажуваат премиери на новите крими филмови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби