10-те најскапи грешки во историјата

Во самата природа на човекот е да греши, па така низ историјата многу луѓе имаат направено огромни грешки. За дел од нив штетата е тешка стотици милијарди долари, а други се фатални грешки од поинаква природа. Ви претставуваме неколку од најлошите, кои многу ги чинеле „грешниците“.

Ниту една издавачка куќа не сакала да ја издаде книгата „Хари Потер“



Дури 20 издавачки куќи го одбиле ракописот „Хари Потер“, пред истиот конечно да го прифати Bloomsbury и тоа на препорака на 8-годишната ќеркичка на директорот.

Книгите подоцна се преведени на 60 светски јазици и се проценува дека на авторката Џоен Роулинг и’ донеле богатство тешко околу милијарда долари.

Фрлиле хард диск со богатство во биткоини

Џејмс Хауелс во 2009-та година купил 7500 биткоини, кога нивната вредност речиси не постоела. Но, до 2013-та еден биткоин вредел 613 фунти, што значи дека неговото дигитално богатство вредело 4,5 милиони. Единствениот проблем бил што хард дискот со биткоините Џејмс го чувал во фиока со години, по што го фрлил без никаква грижа на совест.



Кога подоцна сфатил што направил, тој отишол на локалната депонија надевајќи се дека ќе го пронајде дискот под огромните купови со ѓубре. Тоа секако не се случило.

Не го купиле Google за милион долари

Во 1999-та година, основачите на компанијата Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, го исконтактирале извршниот директор на Excite, Џорџ Бел, напоменувајќи му дека бараат купувач за интернет пребарувач вреден 1 милион долари. На бел понудата не му се допаднала, па Пејџ и Брин ја намалиле цената на 750.000 долари. Тој повторно не бил заинтересиран да го купи нивниот производ. Денес нивната компанија Google вреди околу 365 милијарди долари.

Не го убил Хитлер



Британскиот војник Хенри Тенди, кој бил еден од најодликуваните луѓе во Првата светска војна, во 1914-та година наишол на повредениот и невооружан разводник Адолф Хитлер во еден ров, но одлучил сепак да не го убие. Заради фактот што вистинитоста на оваа случка треба да се земе со голема резерва, не можеме со сигурност да кажеме дека ова е наголемата грешка во историјата.

Продал 610.000 акции, наместо една

Еден јапонски трговец ја чинел компанијата Mizuho Securities 215 милиони долари, откако по грешка на берзата продал нејзини 610.000 акции за еден јен (0,0078 евра), наместо 1 акција да ја продаде за 610.000 јени.



И покрај огромните напори продажбата да биде откажана, берзата на Токио ја одбила жалбата и компанијата морала да ги предаде акциите.

Му кажал „не“ на Џингис Кан

Џингис Кан, владетел на Монголското кралство, сакал да отвори дипломатски и трговски врски преку Ала уд-Дин Мухамед, шах на соседното Хорезмиско кралство (денешни Ирак и Иран) во текот на 13-от век.

Но, шахот ја одбил понудата и го обезглавил монголскиот емисар, заради што Џингис Кан побеснел и испратил 200.000 војници во Хорезмија. Нивното кралство било потполно уништено.

Ги одбиле Брајан Ектон и Јана Коума

Facebook ги одбил програмерите Брајан Ектон и Јана Коума на интервју за работа во 2009-та година. Неколку години подоцна, Facebook го купи WhatsApp, компанија која ја основаа токму овие програмери, за 19 милијарди долари.



Нарачале премногу широки возови

Минатата година, француската државна железница SNCF потрошила 15 милијарди долари на нова флота на возови. Но, истите биле премногу широки за повеќе од 1300 станици ширум земјата. Оваа грешка го оштетила државниот буџет за 50 милиони евра.

Потпишале договор со Брајан Пул и Тремелоес

Продуцентската куќа Decca, во 1962-та година барала млади бендови на кои би им понудила снимање на албуми. На аудицијата присуствувале две групи, од кои договорот им бил понуден на Прајан Пул и Тремолес. Одбиена била групата од Ливерпул, позната како The Beatles.



Погрешно напишано име на компанија

Заради само една буква, Британската влада морала да плати 9 милиони фунти. Имено, повеќе од 250 милиони луѓе останале без работа, бидејќи во регистерот, фирмата со традиција од 124 години Taylor and Sons била помешана со Taylor and Son, фирма која поднела барање за банкрот во 2009-та година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби