Застрашувачки суштества извадени од тела на луѓе

Без оглед на хигиената, па и околината во која се движиме, човечкото тело како да е отворена покана за суштества кои лазат, па дури и копаат по телото. Ви ги претставиме најекстремните случаи кои некогаш се случиле, но ве предупредуваме доколку сте со слаб желудник подобро да не ги читате.

Риба во мочниот меур



Едно 14-годишно момче итно е однесено во болница поради јаки болки во долниот дел на стомакот. Докторите со ултразвук ја барале причината и на нивно изненадување, пронашле риба долга 2.5см заглавена во мочниот меур на момчето. Сметаат дека рибата залутала во каналот за уринирање додека тој уринирал. Рибата Кандира живее во водите на Амазон, но ова момче не ни било близу Амазон.

Молец во уво



Еден помлад Американец бил на роденден кај својот пријател каде што одлично се забавувал првиот половина час, додека во увото не му влетал молец. Додека се трудел да го извади, се повеќе го туркал кон ушниот канал. На крајот молецот го извадиле со пинцета, а во увото му пронашле и крлеж.

Јагула од половина метар во аналниот отвор



Кинески готвач на возраст од 59 години отишол на лекар поради температура, болки во стомак и тешко анално крвавење. Докторите веднаш се посомневале на рак и одлучиле да направат лапаротомија. Откако го отвориле, пронашле азиска јагула долга околу 50см во неговиот анален отвор. Јагулата му ја наместиле неговите поднапиени „пријатели“ додека биле на забава, мислејќи дека тоа ќе биде добра шала.

Пајак под кожата



Австралијанец на летување во Бали забележал голема црвена дамка на своето тело, на местото каде што имал неодамнешна операција за слепо црево. Локалните доктори го уверувале дека се работи за каснување од некој инсект, па му препишале антиалергиски крем. Откако го нанел кремот, почнале да му се појавуваат пликови. Се вратил во болница и понатамошните пребарувања покажале дека се работи за тропски пајак кој влегол во неговото тело низ незаздравената рана и три дена живеел под неговата кожа.

Црви во уво



Старица од 92 години во еден дом за пензионери постојано го чешала увото, мислејќи дека се работи за воспаление кое често го имала поради проширен ушен канал. Сепак бидејќи симптомите не престанале и со терапијата од антибиотици, ја одвеле во болница. Лекарите пронашле 57 црева кои живееле во нејзиното уво – а се претпоставува дека ги положила мува која и влетала во уво.

Црви во око



Видот мува Botfly, своите јајца ги положува во други инсекти, како што се комарците, кои потоа може да ги пренесат на луѓето ако ги каснат. Ларвата се развива околу осум недели, а потоа доаѓа до пукање на кожата... Некои од случаите биле на очното јаболко, а некои и на мошне непријатни места.

Тенија во мозокот



Како во ТВ серијата за д-р Хаус, кога тенијата на еден маж му донесе епилептични напади, губење на меморијата и главоболка, исто така било и со овој случај.

Сперма од лигни



Една жена уживала во своите сирови лигни додека не осетила нешто невообичаено на својот јазик. Имено, таа гризнала вреќичка во која се наоѓала спермата, а сперматозоидите продреле низ влажната мембрана на нејзиниот јазик, образи и забното непце. Докторите морале хируршки да отстранат 12 необични видови на организми од нејзината уста.

Друг човек во телото



Ова е еден од бројните случки во кои докторите претпоставувале дека луѓето имаат тумори, но всушност се работи за нивните „паразитски близнаци“ – остатоци од коски, нокти или коса. До тоа нарушување доаѓа уште од матката, но проблемот се јавува ако ткивото се поврзе со крвотокот, како што било случај кај еден маж каде што неговиот брат пораснал толку многу, што речиси и му ја здробил градната коска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби