Како да научете странски јазик?

Велат дека децата најдобро учат странски јазици, но тоа не значи дека возрасните треба да се обесхрабрат. Ги прашавме полиглотите од TED – преведувачки проект да ги споделат своите тајни за совладување на странски јазик. Стратегиите кои тие ги препорачуваат може да се искористат како седум основни принципи:



Бидете реални. Одлучете се за едноставна, но и достапна цел од која што ќе можете да започнете, за да не се чувствувате недораснати на задачата.

- Изберете 50 зборови од некој јазик и почнете да ги користете, а потоа полека почнете да ја сфаќате граматиката, вели Џудит Матц, преведувачка од германски јазик.

Нека учењето на новиот јазик ви донесе и промена во стилот на живот. Елизабет Бафард која во своите 27 години почнала да предава англиски јазик, забележала дека доследноста е она што ги издвојувало успешните ученици од останатите. Најдете јазична навика која ќе можете да ја одржувате и кога сте уморни, болни или лудо заљубени.

Играјте си. Што повеќе го внесувате странскиот јазик во својот секојдневен живот, вашиот мозок сè повеќе ќе го смета за корисен и вреден за чување.

- Користете ја секоја прилика за да го употребите новиот јазик, советува преведувачката од руски јазик, Олга Дмитроченкова.

Означете го секој предмет во куќата со назив на странскиот јазик, читајте детски книги напишани на јазикот кој го учите, или едноставно разговарајте со измислен пријател странец.



Дозволете и на технологијата да ви помогне.

- Поставувањето на јазикот на телефонот може да ви помогне многу брзо да ги научите новите зборови, смета Олга.

Истото ова важи и за промена на јазикот на вашиот интернет прелистувач. А можете да побарате и одредени алатки за полесно изучување на тој јазик. Холандскиот преведувач Елс де Кејсер ја препорачува апликацијата Duolinguo поради тоа што се учи граматиката преку игри, а Anki за меморирање на зборови преку интелигентни карти.

Размислете за учењето на нов јазик како прилика за нови искуства. Преведувачот од шпански јазик, Себастијан Бети, секогаш го изучувал странскиот јазик поради искуствата кои му ги овозможувал, како што се посета на тематски паркови, аеромитинг, уживање во каубојска поезија преку фолк-рок фестивали до учење фото-есеј техники. Со други зборови, тој мисли на забавните работи кои и онака сакал да ги прави, но ги претвора во прилика за учење странски јазик. Многу преведувачи го дадоа истиот совет.

Преведувачката по француски и италијански јазик, Ана Миноли учела англиски јазик гледајќи ги омилените филмови без превод, додека преведувачот од хрватски јазик, Иван Стаменковиќ во 5 одделение сфатил дека го знае англискиот јазик само поради гледање цртани на Cartoon Network без превод. Следниот пат кога ќе барате рецепт за торта, најдете го на јазикот кој сакате да го научите.



Стекнувате нови пријателства. Интеракцијата со новиот јазик е клучна – ќе научете интуитивно да ги истражувате своите мисли, наместо ментално да го преведувате секој збор пред да го изговорите. Пронајдете изворни говорници на тој јазик во ваша близина или пронајдете странци со кои ќе се допишувате или ќе воспоставите јазични тандем на интернет, каде што меѓусебно ќе си помагате во изучувањето.

Не се грижете дали ќе погрешете. Една од најчестите препреки во конверзацијата на новиот јазик е стравот од грешки. Сепак, изворните говорници се како грижливи родители: секој обид да комуницирате на нивниот јазик е објективен доказ дека сте роден гениј. Тие ќе го ценат вашиот труд и ќе ви помогнат. Нервозни сте што ќе разговарате со својот врсник на странски јазик? Пробајте да ги тестирате своите јазични способности со некој помлад.

- Се охрабрив кога, чекајќи со малиот Италијанец, сфатив дека италијанскиот јазик ни е на исто ниво, се присетува преведувачката за германски јазик, Џудит.

И бидете трпеливи. Што повеќе разговарате, ќе бидете сè поблиску до говорот кој го поседуваат изворните говорници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на телекомуникациите. Во Париз, во...
1395.- Крали Марко, според доста сиромашните...
1510.- Умре италијанскиот сликар Сандро...
1749.- Роден е англискиот лекар Едвард Џенџер,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби