Кој вели дека само кучињата се грижливи? Мачорот Стиви е вистински мајстор кога станува збор за успивање деца. Малиот Конор заспива за миг, кога Стиви ќе почне со шепата да го гали по глава.
Арон Грант, 35-годишниот татко на малиот Конор, на YouTube објави снимка како семејниот мачор го смирува и заспива Конор. Бебето отпрвин не е воодушевено од идејата на Стиви, но набрзо сфати дека му годи, па се смири и заспа. Погледнете го слаткото видео.