Со оглед на тоа што е можеби најголемиот христијански празник, за повеќето верници Велигден претставува ден за славење, проследен со многубројни подготовки.

Во различни делови на светот, различно се слави Велгден, а хрватскиот портал Индекс пренесува некои од најчудните.
Швеѓаните сакаат да го слават Валпургис, кој се одвива за време на ноќта на 30-ти април, а се прославува на тој начин што се пали оган за да се растераат злите духови и вештерките. Тогаш малите девојчиња се маскираат во вештерки и одат од куќа на куќа барајќи слатки. Но, бидејќи Велигден и Валпургис се близу според датумите, често се среќаваат мали вештерки како трчаат наоколу и на Велигден.

Во Чешка за време на велигденската недела популарно е да се „удира“ девојката или жената со Помлазк, односно украсена гранка. Но, не станува збор за свиреп обичај, бидејќи „камшикувањето“ наводно било за доброто на жената. Всушност, онаа жена која ќе биде удирана по нозете, цела година ќе ја следи среќа и добро здравје.

Најкрвавото место за време на Велигден се Филипините. Таму е обичај луѓето да се камшикуваат и распнуваат на крст за да се потсетат на страдањата на Исус. Овој крвав обичај не успеа да го запре ниту Министерството за здравство, но успеаа да се изборат за стерилизирани клинци кои на луѓето им се забиваат на крстовите.

За време на Семана Сенте, односно Велигденската недела, низ Шпанија можете да видите чудно облечени луѓе, со качулки на главите, како шетаат по улиците за останатите да ги потсетат на смртта и воскреснувањето на Исус. „Танцот на смртта“, како што Шпанците го нарекуваат овој ритуал, почнува на полноќ, а завршува во три часот изутрина со застрашувачки костури кои во кутии носат пепел.

Во Полска веруваат дека главата на куќата никако не смее да се замеша во подготвувањето на велигденскиот леб, бидејќи брковите ќе му обелат и паднат.

Во Норвешка на самиот Велигден се решаваат крими мистерии, а најчесто убиства. Издавачите тогаш публикуваат специјални изданија, така наречени „велигденски трилери“. Норвежаните толку го сакаат овој обичај што дури и на опаковките од млекото ставаат крими загатки кои граѓаните би можеле да ги решаваат.

„Билби“ е популарна чоколадна маскота на зајак во Австралија, која таму обожуваат да ја кршат. Во остатокот на католичкиот свет чоколадното зајаче е еден од најубавите и најдраги симболи на Велигден, но Австралијците не го поднесуваат бидејќи го сметаат за штетник кој им ги уништува посевите.

Словаците на Велигденскиот понеделник ги полеваат жените со канти вода, а овој обичај го нарекуваат „Obilevacka“. Се верува дека откако ќе бидат полеани со вода, девојките ќе останат свежи во текот на целата година.
