Група Аргентинци оваа година го направија најголемо велигденско јајце во светот. Но, не се работи за какво било јајце, туку за чоколадно, кое е тешко четири тони и со кое се израдуваа љубителите на овие слатки.

За својата идеја да ја спроведат во дело, на изработката на јајцето работеа 27 пекари вкупно две недели, колку што им требало да го подготват чоколадото, со кое ја залепија претходно подготвена форма.
Јајцето е направено на Фестивалот за чоколада во Барилоц, високо 8,5 метри, а широко пет метри, а за него се искористени четири илјади килограми чоколада.
Ова јајце воедно го собори претходниот рекорд, кој го држеа Белгијците. Нивното јајце беше високо 8,32 метри.

Како и да е, со оглед на температурата, аргентинското чоколадно јајце брзо почна да се топи, па насобраните уживале во чоколадото.
Фестивалот на чоколадото се одржува од 1969 година, а оваа година се одржуваше од 31 март до 8 април.