Уметничка идила: Голем факел мал алат

Стигна факелоносецот. И леле, леле колку му е голем......ФАКЕЛОТ.

Не за џабе рекле дека мажите со големи раце се прилично надарени. Арно ама на овој нашиов изгледа целата машкост му отишла во рацете. Со глава мислиш друже Тито на млади години, абдомен налик корсетот на Каролина за Евровизија и газе на кое му треба уште вежбање, златниот алфа мажјак го наместија со пиштолчето на вода свртено баш накај Собрание. Фали само Зевс во златна сандала модел пролет/ лето 2012 закачен на дрво кој мава со тоа молњите, метафора за ова Грциве што ни маваат вето и tutto completto.


фото: mkd.mk

Еден ангел, четири коњи, факелоносец со мал алат и журката може да почне. Бидејќи си патиме од симболики оваа ангелов дефинитивно е другарката ЕУ која ни ги пуштила четирите јавачи на апокалипсата и како главна женска во маало ем глуми невина, ем титка што стигне. Малиов нормално е Македончето испрчено на патот на судбината со скинати окови и гола задница од туѓи заткулисни игри уште несвесно што го снашло. Ама важно дечкото гледа напред, дигнал тоа факелиштето во вис и како да порачува „правете што сакате ама можете само да ми го гризнете газот“.

Е тоа што му е мал алатот друга работа. Може авторот сакал да каже мал, мал ама техничар или пак едноставно фалело материјал за ушите, па сецнале некој сантиметар од машкоста. Третата опција дека е во план идејно решение за изработка на мини фонтана што ќе прска директно од цевчето, па кој ќе се нафати да пие вода да не му залетне. Кој знае, кај нас се е можно. На крај и не е така важно дали му е мал или голем, битно е дека има факел ипол. И така не гледаме добро или пак не гледаме што гледаме, па вишок светло нема да ни биде на одмет. Ако треба ќе се фрлиме и на рачна обработка, само факелот поголем да е. Не сме ние мутави, само многу модерно ориентирани, па нè возат додека можат и си го тераат ќеифот. Ама тоа е, сè за урбано Скопје.


фото: mkd.mk

Затоа ако некогаш шетате со децата низ паркот и случајно ве прашаат „Мамо, тато што е она?“ мислејќи на виталното делче што виси од нашиот урбан нудистички факелоносецот само одбрусете „градба со доградба деца“. И така некои приказни се премногу долги за раскажување. До тогаш поздрав до Скопје и неговите жители со стиховите „ Скопје јава брзо коњче, а бре момче Македонче.....насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде наздравје “

Н.В



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе се жали за своето работно место.
- Не можам веќе да издржам, ме отекоа, само нешто ме прашуват.
- А што работиш?
- На шалтер за информации.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1542.- Папата Павле Втори донесе одлука за...
1798.- По победата на битката кај пирамидите,...
1898.- Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден...
1940.- Во Литва, Летонија и Естонија е...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби