Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс секогаш знае како да го изнасмее своите обожаватели на социјалните мрежи.
Рејнолдс, кој деновиве заедно со Селма Хајек и Семјуел. Л. Џексон, во Истра, ги снима сцените од „The Hitman's Wife's Bodyguard“ е воодушевен од убавината на земјата.


Својствено на него, фасцинацијата со Хрватска ја сподели на комичен начин преку својот Instagram профил.
-Ако треба постојано да ве удираат во лицето…Ви ја препорачувам Хрватска. Го сакам ова место!, напиша актерот, постирајќи фотка од сетот.
Рејнолдс, Хајек и Џексон, го користат секој слободен миг за да уживаат во престојот во Истра, истражувајќи го местото и купувајќи од локалните намирници.

