Хајди Клум е ѕвезда на насловната страница на грчкото издание на „Вог“, каде што на три месеци пред 50-от роденден, германската манекенка го покажа своето лице речиси без шминка.

Клум позира без градник во мини-здолниште во крем-боја и сандали за насловницата на светски познатото списание, којашто беше објавена вчера. На друга слика од истото издание, таа е во јакна и долна облека.
-Јииипппппииии... Добив две корици, напиша Хајди покрај фотографиите, заблагодарувајќи му се на списанието.

Во интервјуто, Хајди изјави дека ѝ се допаѓа што сега има повеќе разновидност во манекенството.
- Во тоа време, сите модели изгледаа исто - имаа иста висина, исто слабо тело, иста коса... Денес се застапени многу различни типови на изглед. Лично, ми се допаѓа да имам работа како модел, иако стареам, додаде таа.
Топ-моделката ја пофали и својата ќерка Лени Клум и нејзината манекенска кариера што е во подем. Всушност, тинејџерката ги следи стапките на мајка ѝ во светот на модата и студира на колеџ во Њујорк.