Двајца лекари и „кралицата на кетаминот“ меѓу обвинетите за предозирање на холивудскиот актер Метју Пери

Пет лица, вклучувајќи личен асистент и двајца доктори, се обвинети во врска со смртта на Метју Пери во како што обвинителите опишаа, „широка подземна криминална мрежа“ да ја обезбедуваат ѕвездата од популарниот ТВ серијал „Пријатели“ да прима силен хируршки анестетик, што е причината за неговата смрт.



Докторите ја искористиле историјата на зависност на Пери во последните месеци од неговиот живот минатата година за да му обезбедат кетамин во количини кои знаеле дека се опасни и за нивна лична парична корист, изјави синоќа американскиот обвинител Мартин Естрада објавувајќи ги тужбите.

-Знаеле дека она што го прават е погрешно. Знаеле дека она што го прават е голем ризик за господинот Пери. Но, сепак го направиле тоа, рече Естрада.

Еден доктор дури напишал во порака, „Се прашувам колку ќе плати овој морон“ и „Да видиме,“ се дознава од обвинителниот акт откриен во четвртокот.

Кога актерот починал, еден од лекарите напишал „избриши ги сите пораки“. Иако избришани, експертизата успеала да ги најде овие пораки на серверите на провајдерите.

Пери почина лани во октомври поради предозирање со кетамин и обвинителите рекоа дека неговиот личен асистент му донел неколку инјекции на денот кога починал.

Асистентот Кенет Ивамаса, кој го пронашол Пери мртов подоцна тој ден, е првиот што разговарал со истражителите. Останатите обвинети се докторите Салвадор Пласенција и Марк Чавез, како и познаникот на Пери, Ерик Флеминг и Џасвин Санга, позната во Холивид како „кралица на кетаминот“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Ја забележал отец Миле калуѓерката Маре како шета низ манастир малку подздебелена, па и префрлил:
- Сестро Маре, сме се подзебелиле малку, а?
- Не отец Миле, гасови...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден за здрава вода.
1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил....
1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач...
1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби