Даниел Кајмакоски: Барам сериозна врска, а не авантури за една ноќ!

Дека соништата навистина стануваат стварност говори примерот на дваесет и деветгодишниот Македонец, Даниел Кајкмакоски, кој еден дел одлучи да ги спакува своите куфери од Виена и да допатува во Белград, со цел на целиот Балкан да му покаже дека во себе има „x-factor“. Шест месеци покасно неговото име се скандираше во белградската „Kombank arena“, кога талентираниот пејач беше прогласен за победник на првата сезона на шоу-програмот кој во светот ги сруши рекордите на гледаност.

Додека ужива во популарноста која му ја донесе неодамнешното учество во ова музичко натпреварување, Даниел отворено говори за победата како и за остварувањето на животниот сон, за тоа како фантазирал на градилиштето во Виена, на кое до доаѓањето во Белград со татко си заработувал за живот.

Во разговор за магазинот Hello, новата балканска ѕвезда открива зошто не го привлекуваат минливите емотивни врски, а во свој манир одговара на прашањето каков x-factor мора да поседува една девојка за да го освои неговото срце.

Во претходно интервју за Hello изјави дека посакуваш брак. Дали и сега, кога си популарен, се плашиш да се ожениш со обожавателка?

Имам 30-години и сум во години кога бирам девојка со која би бил во иднина, бидејќи барам сериозна врска. Дали тој однос ќе заврши со брак, тоа е помалку битно. Она што го посакувам не се кратки врски за една ноќ или авантури со девојки кои со мене сакаат да бидат само поради мојата популарност или талент. Би сакал да најдам некоја која ќе ме запознае, која ќе и се допадне тоа каков човек сум. Секако, размислувам за тоа дека морам да  внимавам со кого ќе бидам сега откако се случи оваа победа, т.е. со кого ќе го делам новото животно поглавје.

Каков x-factor мора да има девојката која би го освоила твоето срце?

- Мора да биде пониска од мене, задолжително. Сепак, срцето не бира и може да се случи спротивното, но да не зборам многу за тоа. Најважно е да биде човек, да биде искрена и природна девојка, останатото е помалку важно.

Како се чувствуваше кога Ана Михајловски на прогласувањето на победникот во „Arena“ го изговори твоето име?

- Бев пресреќен, тоа беше најубавиот момент во мојот живот. Се беше совршено и моите родители беа тука, што многу ми значеше.

Родителите дојдоа од Виена за да те бодрат во финалната вечер. Што ти рекоа после настапот?

- Од солзи не можеа да говорат, татко ми заплака прв пат после многу години. Покасно таа вечер ми кажа: „Секоја чест за она што го направи, ти си голем човек“. Тие мораа да заминат за Виена, но се пресреќни поради мене и горди, одговараат на повиците и пораките од пријателите, роднините, фановите и многу уживаат во сето она што му се случува на нивниот син.

Чиј совет за време на натпреварувањето најмногу ти значеше?

- Ги помнам сите работи.  Кристина Ковач прва  ми кажа дека не би требало да се трудам да им се допаднам на сите, бидејќи не можат сите да ме сакаат и дека од тој момент кога ќе започнам да размислувам што другите мислат за мене и да започнам да им се прилагодувам ќе згрешам, тоа не е добро за ниту еден уметник. Другиот совет се случи во „Arena“, а ми го кажа Жељко: „Вечерва не се натпреваруваш, излегуваш на бина и уживаш, вечерва ти имаш концерт“. Тремата во тој момент исчезна, излегов сам на бина опуштен и уживав, дури ниту устата не ми се сушеше како на секој настап пред тоа.

Колку ти значеше тоа што од сите членови на жирито, тебе ментор ти беше Жељко Јаксимовиќ?

- Многу, бидејќи тој ми беше попознат од другите членови на жирито. Ја слушав неговата музика и навивав за него на „Евровизија“. Сметам дека тој е вистински претставник на балканската музика во светот, ги пеев неговите песни и поради тоа ми беше голема чест.

Публиката го препозна твојот x-factor за разлика од професорот во средно школо, поради кој твоите родители после првата година те отпишале од Музичката гимназија?

- Тоа беше во 2000-та, пред 14 години. Запишав Музичка гимназија, но ме добив поддршка од главниот професор. Ние двајца не се разбиравме најдобро и тој после првата година на мајка ми и кажа дека не сум доволно талентиран и ја убеди  да ме отпише од школото. После една година ја увиде грешката, ме повика и ми се извини. Од тогаш повторно станав дел од тоа одделение. Иако повеќе не бев негов ученик, и ден денес сум присутен на сите негови прослави.

Во финалето носеше амајлија која Марија Шерифовиќ ја носеше во победничката ноќ на Евросонг. Колку вам во тој момент ви значеше тоа срце?

- Бев многу среќен кога нашата стилистка Ивана Рабреновиќ го извади тоа срце кое после Евросонг останало кај неа и ми го даде. Тоа беше убаво чувство бидејќи ја имаше победничката енергија на Марија и ми значеше што е тука кога пеев во последниот круг.

Не се воздржуваше да заплачеш и со тоа покажа дека си голем емотивец. Дали тоа го сметаш како предност во работата или мана?

- Не мислам дека емотивноста е мана, бидејќи тоа сум јас. Мислам дека публиката токму поради тоа и ме засака, бидејќи сум искрен и кога би глумел, тоа тие би го виделе. Дојдов на аудицијата, се претставив на публиката и продукцијата. Искрено кажав сè за мене и за својот живот, не криев каде живеам и што работам и на сите им покажав дека музиката е мојата најголема љубов. Мислам дека публиката токму поради тоа ме засака. Не се плашам и не ги кријам моите емоции, секогаш бев емотивен и ќе бидам таков до крајот на животот.

Го покажа целиот свој талент и љубов кон музиката. Публиката ти возврати, но сега следи голема работа во кариерата. Што ти претставува најголем предизвик?

- Најважно ми е да оформам добар тим,  во студиото да го дадам најдоброто од себе и оваа приказна да продолжи во добра насока. Не би сакал да влезам во машинерија во која ќе немам никаква контрола, односно ќе бидам марионета. Би сакал да бидам преставен во вистинско светло бидејќи често се плашам дека нешто може да тргне на лошо, но мислам дека екипата околу мене е многу добра и дека знае што би требале да работиме сите заедно, па тој страв се губи.

Што сметаш дека е твојата слабост?

- Долго живеев во странство и израснав со странска музика. Ретко слушав песни од овие простори и не бев заинтересиран за народната музика. Тоа го сметам за недостаток, но не сум крив за тоа. Ме интересираше некој друг стил, но во иднина сакам да работам на тоа. Сепак сум Балканец, Македонец сум, а сега живеам во Србија, и домашната музика е она што ќе го слушам.

Од кога живеете во Белград?

- Во финалето изјавив дека ќе се преселам во Белград, па два месеца живеам тука. Изнајмив стан и тоа е прв стан во кој живеам сам. Живеам на пола од Австрија, како и од Македонија, а сега се одлучив за Белград да ми биде центар на мојот живот и мојата кариера.

Оствари голем сон. Што би им порачал на оние кои сонуваат да го сменат својот живот како што направи и ти, а не се осудуваат на тоа?

- Можеби немаме некој голем животен стандард, но по мојот пример се гледа дека не е решение да се замине од тука со цел да се постигне нешто во животот. Ако постои некоја цел или желба, не треба веднаш да се гледа како да се побегне од тука. Јас морав да се вратам за да го остварам мојот сон. Им порачувам баш на сите да веруваат во она што сакаат да постигнат во животот, да не дозволат нивниот сон да згасне. Човек мора сам да знае колку вреди и да не дозволи некој да го обесхрабри. Никогаш не треба да се откаже, а доколку нешто доволно силно се сака, тогаш желбите се остваруваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби