ПОТСТАНАР – започна снимањето на дебитантскиот филм на Марко Ѓоковиќ

На 15 јуни 2025 година започна снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм со работен наслов „Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ, а во продукција на Сектор Филм. Сценаристи на филмот се Марко Ѓоковиќ и Симеон Венциславов, од Бугарија.



Филмот ќе се снима на повеќе локации во Скопје во наредниот месец.

„Потстанар“ е психолошка драма инспирирана од драмскиот текст „Владимир“ на словенечкиот автор Матјаж Жупанчиќ. Филмот ја раскажува приказната за тројца пријатели чиј заеднички живот добива неочекуван пресврт откако зад шармантната фасада на нивниот нов цимер започнува да излегува на виделина неговата вистинска, манипулативна природа. Во тесниот простор на заедничкото живеалиште, борбата за лична слобода станува неизвесна.



Главните улоги ги толкуваат младите и талентирани македонски актери Ана Јовановска, Илија Волчевски и Хакан Даци, како и Албан Укај од БиХ — искусен актер, кој се прослави со впечатливата улога на „Сокол“ во филмот Lorna’s Silence на браќата Дарден. Во останатите улоги се: Николина Кујача, Камка Тоциновски, Софија Куновска, Борис Дамовски, Адем Карага, Стефанија Начевска, Мина Јелушиќ, Лазар Христов, Бранко Атанасов и Матеа Јанковска.

„Сектор Филм“ го реализира филмскиот проект „Потстанар“ во копродукциска соработка со „Mir Media Group“ и „Living Pictures“ од Србија и со „Parangal Film“ од Црна Гора, со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот центар на Црна Гора.



Директор на фотографија на „Потстанар“ е Александар Крстевски, сценограф е Сашо Блажевски, костимограф Розе Tрајческа, шминка Снежана Ангеловска Живковска, снимател на звук е Дејан Михајловски. Кастинг директор е Милка Анчевска. Продуценти на филмот се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, а како копродуценти се јавуваат Александар Протиќ, Димче Стојановски и Стефан Орландиќ Стојановски од Србија и Маја Кецојевиќ од Црна Гора.

Режисерот Марко Ѓоковиќ е роден во Скопје 1984 година. За време на средношколските денови работел во неколку филмски продукции. Во 2004 се запишал на Европскиот Филмски Колеџ во Данска на отсек режија. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек филмска и ТВ-режија, во 2013 година, во класата на проф. Столе Попов. Досега режирал неколку кратки филма, меѓу кои „Еклер“ (2016), „Луѓе без земја“ (2011) и „Синот“ (2013), кои биле прикажани на повеќе филмски фестивали во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се јавува човек во брза помош и вика:
- Брзо пратете кола, тука еден човек го згази ваљак!
- Добро, кажете ми на која адреса е човекот?
- Па лежи на Партизанска број 33, 34, 35...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши...
1947.- Прогласена е независноста на Република...
1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши...
1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која...