Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ на 14 ноември во „Македонска филхармонија“

По минатогодишниот спектакл пред преполната арена „Борис Трајковски“, македонската музичка дива Калиопи, повторно ќе настапи пред домашната публика, овојпат во ексклузивна, unplugged верзија “100% live”, на 14 ноември 2025 година, во салата на Македонска филхармонија во Скопје.



Настанот е во организација на „Прагма продукција“ и истиот е замислен како интимно и длабоко музичко искуство, целосно фокусирано на уметноста, зборот и емоцијата што Калиопи ја носи со секој здив. Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина.

Со поддршка од нејзиниот бенд, составен од врвни музичари и со внимателно изграден аранжман, концертот во Филхармонија ќе биде уникатно уметничко доживување, различно од се што сме слушнале досега.

Бројот на места е ограничен, а интересот веќе е огромен. Овој концерт ќе биде доживување за сите љубители на вистинската музика, интимно, автентично и незаборавно.

Картите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.

Линк за карти - https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5666



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Што е тоа мало, црно, крваво и прави 7.200 обрти во минута?
- Мравка во хард-диск.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1683.- Турската војска под водство на големиот...
1691.- Ахмед Втори на турскиот престол го...
1759.- Умре англискиот писател Вилијам Колинс,...
1798.- Француската армија го зазеде средоземниот...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби