Македонија меѓу четирите најдобри кошаркарски репрезентации во Европа

Каунас, 14 септември 2011 (МИА) - Со победата над Литванија во четврт финалето на европското првенство, коршаркарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман во полуфиналето и со тоа го постигна најголемиот успех во нејзината историја.

Во „Жалгирис арена“ во Каунас вечерва избраниците на селекторот Марин Докузовски беа подобри од домашната селекција на Литванија и победија со резултат 67:65.

Голема борбеност и пожртвуваност во дуелите со физички посилните Литванци покажаа сите македонски кошаркари кои добија можност да играат против фаворизираниот противник.

- Радувај се Македонијо! Шоуто не застанува овде!, беа првичните изрази на емоции на дел од македонските репрезентативци по големиот триумф.

Шпанија в петок ќе биде противник на Македонија во првата полуфинална пресметка на Еврошампионатот. Шпанците денеска во првото четвртфинале ја совладаа Словенија со 86:64.

Со влезот во големата четворка Македонија си обезбеди дополнителни натпревари на квалификациски турнир за Олимпијадата во Лондон идната година. Евентуален триумф во полуфиналето против Шпанија, освен обезбеден медал ќе значи и директно улество на кошаркарската репрезентација на Македонија на летните олимписки игри во Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански...
1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше...
1939.- Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски...
1984.- Во Струга умре Владо Малески, македонски...