Реми кое најмногу боли: Вардар изигра нерешено

Сомнителниот гол на Де Висенте во 60. минута кобен за Вардар. Македонскиот шампион е елиминиран, откако одигра нарешено со АПОЕЛ 1:1.

И покрај далеку подобрата и храбра игра, Вардар не успеа да направи историски подвиг. Македонскиот шампион одигра нерешено (1:1) со АПОЕЛ во реваншот од 2. квалификациско коло од Лигата на шампиони. Поради постигнатиот гол на гостински терен кипарскиот терен оди понатаму.

Де Винсенти во 60. минута од сомнителна ситуација му носи водство на АПОЕЛ (0:1). Пачовски малку ја зафати топката, но не успеа овој пат да го одбрани голот.



„Црвено-црните“ и покрај бројните удари кон противничкиот гол, за жал релаизираа во 94. минута. Љамчевски израмни на 1:1.

И покрај елиминација „црвено-црните“ заслужуваат честитки за играта, еден сомнителен гол им го урна сонот, но и желбата со пласман во 3. квалификациско коло утре да го прослават 68. роденден.

Вардар успеа да го направи она што ретко може да се види во последно време, ја наполни Арената „Филип втори“, околу 25.000 гледачи го проследија дуелот, кој за жал не заврши среќно за „црвено-црните“.

Крај на мечот: Вардар - Апоел (1:1)

94. минута - Љамчевски израмнува на 1:1 за ерупција на Арената „Филип втори“.

90. минута - Вардар од чиста ситуација не успеа да израмни. Хамбарѕумјан нафрла во казнетиот простор, но Ивановски не успеа да ја зафати топката.

85. минута - Леал од десет метри шутира, Пачовски спасува.

79. минута - Вардар ја направи третата измена. Влегува Ивановски на местото на Дашјан.

69. минута - Фелипе од околу 20 метри бие кон голот на АПОЕЛ, но топката заврши во рацете на голманот. Измена кај Вардар влегува Љамчевски, излегува Грозданоски.

64. минута - Блажевски го постигна посакуваниот гол, но судијата покажа офсајд. Измена во составот на Вардар влегува Стојков, излегува Велковски.

60. минута - ШОК. Де Винсенти од сомнителна ситуација му носи водство на АПОЕЛ (0:1). Пачовски малку ја зафати топката, но не успеа овој пат да го одбрани голот.

54. минута - „Вардарци“ продолжуваат да напаѓаат. Блажевски бие кон голот на АПОЕЛ, но Вотерман го брани ударот.

52. минута - Антонијадес и Хамбарѕумјан се судирја, за среќа и двајцата минаа без сериозни повреди.



Стартуваше второто полувреме

Полувреме: ВАРДАР - АПОЕЛ (0:0): Без голови по првото полувреме меѓу Вардар - АПОЕЛ во реванш дуелот од 2. квалификациско коло. Македонскиот шампионсо далеку подобра игра во нападот. „Црвено-црните“ имаа шест удари кон противничкиот гол.

2. минута - Одлична дијагонала од Попов до Грозданоски, кој не ја стигна топката.

13. минута - Прва сериозна шанса за АПОЕЛ. Сотириу од прва бие кон голот на Вардар, но Пачовски е на вистинското место.

24. минута - Фелипе од 25. метри бие покрај голот на АПОЕЛ за еуфоруја на трибините.

29. минута - Фелипе од околу 30 метри изведе слободен удар. Топката изненадно дојде до Грнчаров, кој пак не успеа да ја смети во голот.

38. минута - Нова шанса за Вардар. Убаво проиграна акција, но Велковски бие над голот.

44. минута - Прв жолт картон за Вардар, го добива Влатко Грозданоски.

Пред стартот на мечот навивачите на АПОЕЛ сакаа да го постават грчкото и српското знаме, но обезбедувањето веднаш ги одзема за да не дојде до несакани проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...