ПСЖ му понуди 50 милиони евра на Интер за Икарди

Управата на Пари Сен Жермен му понуди на Интер сума од 50 милиони евра за напаѓачот на „нероазурите“, Мауро Икарди. Аргентинскиот стрелец минатата сезона играше во Париз на позајмица, постигнувајќи 20 гола на 28 натпревари во сите натпреварувања.



Првичниот договор меѓу двата клуба вклучуваше опција францускиот шампион да го купи Икарди за 70 милиони евра, со тоа што ПСЖ сака да го задржи Аргентинецот, но поради кризата со коронавирус тие нудат значително помала сума на италијанскиот тим. Сепак, раководството на Интер во неколку наврати навести дека нема место за Икарди на „Меаца“ и тој ќе биде продаден во текот на летото, што значи дека е многу можно „нероазурите“ да ја прифатат понудата на ПСЖ.

Во исто време, според медиумите во Италија, трансфер во спротивна насока може да се реализира во текот на летото. Тренерот на Интер го посакува искусниот напаѓач на ПСЖ, Единсон Кавани, чиј договор со Париз истекува за нешто повеќе од еден месец. На овој начин Интер може да го привлече уругвајскиот репрезентативец како слободен агент, а Кавани се поврзува за замена на Лаутаро Мартинез, кој скоро сигурно ќе се пресели во Барселона по крајот на сезоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...