Мурињо сака да се врати во Јунајтед

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо би сакал повторно да раководи со 20-кратниот шампион на Англија, објави „Daily Mail“.

Шеесет и едногодишниот Португалец верува дека има незавршена работа со „црвените ѓаволи“. Тој е заинтересиран повторно да биде на чело на Јунајтед доколку му се укаже шанса.

Мурињо би сакал да соработува со новите косопственици на клубот од Манчестер, кои неодамна купија 25 отсто од акциите на тимот од „Олд Трафорд“.

Португалецот беше тренер на Манчестер Јунајтед од 2016 до 2018 година. Со „црвените ѓаволи“ еднаш го освои Лига купот и трофејот во Лига Европа.

Во јануари италијанската Рома објави отказ за Португалецот. Мурињо во текот на кариерата ги водеше и Тотенхем, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто и Бенфика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...