Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, ги сподели своите очекувања пред осминафиналето на Светското клупско првенство против Интер Мајами, за кој игра аргентинскиот напаѓач Лионел Меси.

-Меси е добар другар, тој е неверојатен, тој е најдобриот фудбалер на светот. Имавме среќа да играме со него, беше неверојатно. За мене, тоа беа фантастични две години. Но, сега нашиот тим мора да победи, изјави Донарума за „DAZN“.
ПСЖ се пласираше во плејофот на турнирот од првото место во Групата Б. Интер Мајами заврши на второто место во Групата А.
Натпреварот ќе се игра на 29 јуни во Атланта.