Сопственикот на Кардиф, Винсент Тан, ја отфрли првичната понуда од групацијата во која е вклучен и поранешниот фудбалер Гарет Бејл, објави „Скај Спортс“.

- Се обидуваме да ги разјасниме работите со Кардиф и ќе има повеќе вести за тоа во иднина, но се надеваме дека можеме да направиме нешто. Заинтересирани сме за Кардиф. Тоа е мојот матичен клуб, пораснав тука и мојот чичко играше за нив. Да се биде дел од групата сопственици на клубот е исполнување на сон. Знам колку се одлични навивачите во Велс и Кардиф. Би било одлично да се обидеме да направиме нешто заедно, изјави Бејл.
На крајот од сезоната 2024/25, Кардиф заврши на последното место во Чемпионшип и испадна во Лига 1. Бејл е роден во Кардиф.