Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е разочаран од изданието на неговите фудбалери на синоќешниот натпревар со Еспањол.
Атлетико во првото коло од новата сезона во Ла Лига, синоќа на гости загуби со 2:1 и покрај водството што го имаше на полувреме.
- Прво, резултатот ни штети на сите. Ни треба поголема имплементација во нападот. Можевме да постигнеме и втор гол не но го сторивме тоа. Затоа пак, противникот добро ги искористи своите шанси, прво постигнувајќи гол од прекин, а потоа реализира и во финишот и ни ја одзеде шансата за победа или нерешен резултат. Овој пораз треба да ни помогне да се подобриме и да растеме, изјави Симеоне за „АС“.
Во следното коло, Атлетико ќе игра против Елче дома на 23 август, додека Еспањол ќе игра против Реал Сосиедад на гости еден ден подоцна.