Сендерос психички се растроил

"Ментално растроен", така гласи дијагнозата за швајцарскиот дефанзивец Филип Сендерос која на англиските медиуми им ја откриле членови на соблекувалната на Арсенал. Младиот фудбалер сам себе психички се уништил под нападите на грижа на совеста откако благодарение на неговиот превид Сами Хипија го израмни резултатот во легнедарниот четвртфинален реванш од Лигата на шампионите на Енфилд минатата недела.

Голот на Финецот беше еден од четирите поради кои Арсенал не успеа да се пласира во полуфиналето, но дојде во период кога "топчиите" имаа доминација и водство од 1:0 и беа многу блиску до вкупен триумф во дуелите со Ливерпул. Веднаш по мечот, Сендерос почнал да плаче, а целиот случај подоцна се претворил во психолошка драма поради која стамениот стопер на Арсенал би можел да биде надвор од теренот до крајот на сезоната.

"Филип е во голем неред. Смета дека тој е одговорен за елиминацијата од Лигата на шампионите. Тренерот се обиде да разговара со него, но Сендерот има тешкотии да се врати во нормала", изјавил за англиските медиуми анонимен фудбалер на Арсенал.

Венгер по тој меч му дал два слободни дена на Сендерос за да се среди, но Швајцарецот го немаше ниту на дуелот против Манчестер Јунајтед во неделата на кој Арсенал дефинитивно се прости од титулата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На час по биологија. Ајде деца кој ќе ми каже некое убаво цвеќе.
- Љубичица!
- Браво, многу убаво.
- Нарцис, учителке..
- Браво, многу убаво.
Малиот Трпе.
- Оргазам...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1900.- Во Струга е роден Ристо Крле, македонски...
1921.- Во Куманово е роден Христијан Тодоровски...
1943.- Во Сиракуза, во Италија е потпишано...
1997.- Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во...