Кака: Изјавите на Мурињо се смешни

Откако дојде Мурињо во Интер, италијанскиот клупски фудбал многу се смени, посебно во видот на најавите и одјавите на натпреварите па така беше и по неделното дерби.

Португалецот е секогаш подготвен да направи атмосфера со своите изјави “под појасот“ со кои го опфати и Бразилецот Кака по миланското дерби во кое славеше Милан 1:0 со погодокот на Роналдињо на асистенција на Кака.

“Мурињо навистина може да ме насмее со своите изјави. Рекол дека сум го одглумил прекршокот на Станковиќ, и дека без причина сум паднал на тревата и валкал за да украдам некоја минута. Тоа е смешно господине Мурињо, бидејќи сето тоа се случи во ваша близина“, одговорил Кака и продолжил:

“Не, нема да кажам дека имаше повеќе грубост. Сите ние надвор од теренот се познаваме многу добро, некои се и одлични пријатели. Но, на натпревар атмосферата е друга и нормални се прекршоци кои понекогаш излегуваат од контрола. А, такви неколку ги претрпев во неделата“.

Кака ја коментирал и играта на својот сонародник Роналдињо, кој го реши натпреварот.

“Можеби имаме различен живот надвор од теренот и можеби нема да не видат често во такви ситуации, но на теренот сме едно. Многу ми е драго поради него, бидејќи тој ваков натпревар заслужил. И секој ден ќе биде се подобар“, рекол Кака и заклучил:

“Мислам дека ја заслуживме победата. Ако ништо друго, тогаш повеќе тежнеевме на напаѓачкиот фудбал“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си биле двајца програмери и виделе некоја јака женска.
Едниот му вели на другиот:
- Види ја онаа што "Properties" има.
А овој другиот разочарано:
- Ама гледам дека е "Read...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1849.- Во Виена умре Јохан Штраус-постариот,...
1940.- Во Норвешка на власт дојде квислиншката...
1943.- Во Тирана умре Нико Нестор, еден од...
1946.- Во Скопје е основано Работничко...