Ѓуровски не е повеќе тренер на Вардар

Македонскиот фудбалски бренд Вардар и официјално доби ново раководство. Српскиот бизнисмен Мишо Поповиќ со неговата фирма "Планет М", и дефинитивно го презедоа раководењето со нашиот најтрофеен македонски клуб, Вардар, а на првиот тренинг на "црвено црните" во пресрет на новата сезона беше претставен и новиот претседател Бојан Захариев, ко-сопственик на менаџерската агенција "Кик-Оф" со седиште во Скопје. Вардар од денеска ќе биде под 100 процентно раководење и контрола на работењето на клубот од страна на новото раководство.

Прва одлука која ја донесе новото раководството на ФК Вардар, во насока на враќање на шампионскиот сјај на нашиот најтрофеен клуб е смената на тренерската позиција. Сеуште е нејасно кој ќе биде новиот тренер, но пак се знае дека тоа повеќе нема да биде досегашниот прв стратег Милко Ѓуровски. Неофицијално дознаваме дека најверојатно наследник на Ѓуровски ќе биде српски стратег.

Според најавите новото раководство ќе има голема промоција во месец февруари кога на "Градски" се очекува да гостува Наполи, една од најсилните екипи во Серија А лигата, а точниот датум дополнително ќе биде одреден.

Според плановите, Вардарци на 4 или 5 февруари ќе заминат на подготовки, или на Кипар или во Анталија, Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Баба и дедо седат во дневна соба и гледаат телевизија кога дедото прашува:
- Бабо ма, се сеќаваш каде ги оставив наочарите?
- Не.
- Ах проклета женска заборавеност!

* * *...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1737.- Роден е Луиџи Галвани, италијански...
1776.- Воведен е и официјалниот назив Соединети...
1828.- Во Јасна Полјана е роден Лав Николаевич...
1901.- Умре Анри де Тулуз-Лотрек, француски...