Се местат "коцките" во спортскиот дел

Новото Собрание на "црвено-црните" најавено за среда, 4 февруари, треба и официјално да го означи новиот почеток на "вардарци" сега под палката на српскиот бизнисмен Мишо Поповиќ.

И покрај претходно истакнатите проблеми при преговорите со досегашниот финансиер Трифун Костовски, кој неочекувано активираше побарувања, во вредност од 340.000 евра, стари повеќе од десет години за свои вложувања во 1996 година а кои не се дефинитивно разрешени и низ викендов, сепак, се очекува без апсолутно никакви проблеми в среда компанијата "МЈД Инвестмент Гроуп" да ја добие довербата на членовите на Собранието на Вардар како свој иден инвеститор.

"Нема никаква новина и околу разговорите со досегашните финансиери. Нашите ставови беа прецизно изнесени на прес-конференцијата во петокот. Како и да е, согласно договорот со двата колективни члена на Собранието на клубот, легален транспарентен собир на кој ќе следи раководствената трансформација ќе има в среда", истакнуваат новите раководители.

Во меѓувреме веќе и се местат "коцките" околу спортското функционирање на клубот. Мишо Поповиќ, како што претходно најави, викендов во Белград реализираше, заедно со својот соработник задолжен за спортскиот дел Аца Булиќ и разговори со неколку потенцијални кандидати за позицијата нов шеф на стручниот штаб, меѓутоа засега се уште се држи во тајност името на наследникот на Милко Ѓуровски.

"Нема потреба од шпекулации. Се ќе биде транспарентно познато на претстојното Собрание на кое низ една свеченост би биле презентирани комплетните раководни структури, шефот на стручниот штаб како и новите играчки засилувања", вели Поповиќ.

Во финална фаза, според изјавите од новите финансиери, се и преговорите со засилувањата во играчкиот кадар. Се најавуваат фудбалери од домашниот, но и од странскиот пазар, пред се од Србија.

"Верувајте ќе има навистина квалитетни звучни засилувања согласно реномето на еден Вардар", истакнува Поповиќ.

Инаку, српскиот бизнисмен во очекување на официјалното негово преземање на тимот од "Градски" веќе стартуваше и со свои донации во Македонија.

"Веќе е реализирана и првата донација од страна на Мишо Поповиќ во Македонија", соопшти Небојша Давидовски, идниот потпретседател на "црвено-црните" притоа прецизирајќи:

"Донација вредна околу 200.000 евра се состои од куќа со површина од 200 квадратни метри во 'СОС селото' во Скопје и изградба на спортско игралиште, што е уште еден доказ дека Поповиќ има навистина сериозни и искрени намери во нашата држава. Верувам дека Мишо Поповиќ ќе го врати Вардар на старите победнички патеки на задоволство на целокупната домашна спортска јавност".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Баба и дедо седат во дневна соба и гледаат телевизија кога дедото прашува:
- Бабо ма, се сеќаваш каде ги оставив наочарите?
- Не.
- Ах проклета женска заборавеност!

* * *...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1737.- Роден е Луиџи Галвани, италијански...
1776.- Воведен е и официјалниот назив Соединети...
1828.- Во Јасна Полјана е роден Лав Николаевич...
1901.- Умре Анри де Тулуз-Лотрек, француски...