"Кандидат сум за селектор на Шкотска"

Поранешниот тренер на Вардар, во моментов ангажиран во младинската академија на Работнички, Кочо Димитровски, како што самиот ни соопшти, е еден од најсериозните кандидати за преземање на кормилото на репрезентацијата на Шкотска, која е во нашата квалификациска група откако, пак, е разнишана столицата на Џорџ Барли.

"Да, доставив свое ЦВ, па од Шкотската фудбалска федерација ме информираа дека сум меѓу најсериозните кандидати. Секако како и на секој тренер ми годи повикот од една квалитетна селекција како што е Шкотска. Но, имам понуди од уште три големи англиски клубови, па наредниве денови ќе ја донесам дефинитивната одлука", ни изјави вчера Кочо Димитровски, притоа допрецизирајќи:

"Мора да истакнам дека во Работнички работам за 500.000 евра годишно, но селекторскиот предизвик е голем а и искрено ја почитувам репрезентацијата од островот, па во Шкотска би работел за тројно помала сума. Моја предност е што одлично го познавам и англискиот јазик (ова е изјава за весник, а инаку сум 'дудук')".

И, тоа е тоа од вчерашните најави од страна на Кочо Димитровски... Нормално, за оние кои се уште на сфатија, една од најголемите вардарови легенди соочувајќи се, како и секој домашен фудбалски работник, со траги-комичниот начин на наш селекторски избор низ длабока иронија симулативно го потенцира фактот како Фудбалската федерација на Македонија така лесно изборот за нов селектор успеа да го претвори во пародија.

Низ малку посериозната нишка на нашиот вчерашен разговор Кочо Димитровски нагласува дека сите тие измислени "конкурси" од страна на ФФМ кои воопшто не постојат, па повикот на УО до сите тренери кои сакаат да бидат селектор на Македонија онака од ракав да испраќаат понуди, начин кој, пак, е апсолутна непознаница во фудбалскиот свет, заедно и со сите тие разно-разни нудења од знаени и незнаени странски селектори се повеќе од смешни чинови кои само дополнително зборуваат за нашата апсолутна несериозност, па и во изборот на првото домашно тренерско место.

"Сето ова само ја деградира фудбалска Македонија. ФФМ бара испраќање понуди без никаков критериум, без основна идеја, па постојано сега се расфрлаат некакви странски тренерски биографии, се препорачувања само за лични промоции. Смешно а жално е што дури и изборот за селектор кај нас не може да мине низ една доволна сериозност затоа што националниот тим треба да биде светост а не место за остварување на поедини амбиции", истакнува името кое зад себе има нескриен длабок влог во историјата на македонскиот фудбал.

А, ние соочени со начинот на кој се води Фудбалската федерација ќе почекаме до сабота кога на само две недели до новиот репрезентативен собир, да се надеваме, ќе го добиеме новиот селектор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој склеротичен старец седел на клупа во парк и плачел кога покрај него поминал некој друг човек и го прашал зошто плаче.
Старецот му рекол : имам 27-годишна жена што ме чека...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
356 г.п.н.е.- Во Пела е роден Александар...
1908.- Младотурците ја презедоа власта во Битола...
1933.- Американскиот авијатичар Вили Пост го...
1944.- Создадена е првата народна власт во...