вторник, 09.02.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Спорт / Фудбал

Барселона со сите сили по Фабрегас

По големите засилувања кои ги донесе најголемиот ривал Реал Мадрид, Барселона одлучи конечно да тргне во шопинг и барем делумно да го сврти вниманието од "Кралскиот клуб". "Каталонците" во последната сезона го освоија првенството, Купот на Шпанија и Лигата на шампионите, но станува јасно дека се погодени од еуфоријата што ја направи Реал Мадрид, па ќе мора да се засилува ако сака да одбрани барем некоја од трите круни. Откако долго време размислуваше, претседателот Хоан Лапорта го посочи Цеск Фабрегас како еден од приоритетите кон кои ќе се насочи до крајот на преодниот рок, без разлика колку ќе чини.

Се разбира, фактот што Барселона и натаму е во срцето на Фабрегас ќе биде картата на која ќе игра претседателот Лапорта во следниот период. Како што е познато, 22-годишниот шпански репрезентативец израсна во младинските селекции на Барселона во генерацијата на Жерар Пике, но во 2003 година ја напушти таткотината и замина во Арсенал каде ја доживеа комплетната фудбалска афирмација. Сепак, можно е, слично како Пике, да се врати на Ноу Камп и да се обиде да ги продолжи успесите на својот матичен клуб во следните сезони.

"Цеск во себе има ДНК од Барселона и знаеме дека сакам да игра за нас, а и за нас таков расплет би бил прекрасен. Фабрегас е главен играч на Арсенал и многу важен за тој клуб, но сите во Барселона од тренерот, преку спортскиот директор и јас на крајот би сакале да се врати на Ноу Камп", призна Лапорта.

Фабрегас во последните денови даваше прилично контрадикторни изјави, од колнење дека вечно ќе му остане верен на Арсенал до такви во кои изразуваше желби да се врати во Каталонија. Неодамна даде контроверзно интервју за шпанската агенција ЕФЕ во која критички зборуваше за импотенцијата на Арсенал кога е во прашање освојувањето на титулите во последните сезони. Раководството на "топчиите" остро реагираше и го принуди Шпанецот да ги демантира изјавите на официјалната интернет-страница на Арсенал иако Сан подоцна во целост го објави интервјуто.

Како и со поголемот дел од европските клубови, Барселона има добри односи и со Арсенал, а не смее да се заборави и дека актуелниот напаѓач на каталонскиот тим Тиери Анри дојде токму од Емирати.

"Не сакаме да ги загрозиме добрите односи со Арсенал, но ќе преговараме со нив. Целиот напор ќе го насочиме кон таа работа, меѓутоа свесни сме дека тоа нема да биде лесна тема за разговор", додаде Лапорта.

Мора да се знае и дека Фабрегас беше посочен како една од целите од поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон во неговата изборна кампања во 2006 година, но младиот шпански репрезентативец јасно стави до знаење дека не се гледа себеси на Сантијаго Бернабе.


Наjновo од Спорт
Благодарност до навивачите, беа неверојатни
Нема да се радувам на 'Олд Трафорд'
Повисоките фудбалери почесто се казнуваат за прекршоци
Овечкин и Капиталс ги "суредија" шампионите
"Кампос и УСФ1 можат да пропуштат 3 трки"
Местото на Петров во Рено не е сигурно?
Со верба и борба до бараж!
Степановски сака отстапница, Ренова не дава!
Собранието, сега до 15 февруари
Во Љубљана ќе се договара Регионална лига!?
Мидо игра за 1000 евра неделно!
Јувентус изгуби три години
"Не" за Арсенал "Да" за Барселона
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи