Војна на "ѕвездите" во Милано

Никој не ни можеше да претпостави дека извонредниот тим на Барселона, одбраната на титулата во Лигата на шампионите освоена минатата сезона ќе ја почне онаму каде што ја освои, во Италија. Барселона на чело со Пеп Гвардиола е пред големо искушение во пресрет на натпреварите од најелитното натпреварување бидејќи ќе се обиде да стане првиот тим кој ќе го одбрани трофејот по 1989/90 година кога тоа му успеа на Милан.

Како противник Барса пред себе го има амбициозниот италијански шампион Интер. И двата тима во своите екипи изобилуваат со голем број фудбалски ѕвезди и поради тоа оваа битка на титаните зазема големо внимание во светската фудбалска јавност.

Уште поинтересен ќе биде индивидуален дуел на двајцата фудбалери кои ова лето си ги заменија дресовите, Самуел Ето премина на Џузепе Меаца, а во спротивна насока замина Златан Ибрахимовиќ па така и двајцата со посебни мотиви ќе играат против поранешните соиграчи.

Ето мина пет одлични сезони во каталонскиот клуб, постигнувајќи вкупно 109 гола на 144 настапи, вклучувајќи ги и 30 минатата сезона. Во ЛШ на 43 настапи даде 18 погодоци. За разлика од него, во својот тригодишен престој на Џузепе Меаца, Ибрахимовиќ постигна 57 погодоци во 88 настапи во Серија "А" и шест во 22 меча во ЛШ.

"Не очекувам ништо од фановите на Интер. Знам дека им ги скршив срцата кога си заминав од клубот, меѓутоа мора да се помират со фактот дека кога тогаш ќе си заминев од клубот. Интер е многу сериозен противник, а тактиките кои ги применува Мурињо се многу паметни, што само ни ја отежнува работата. Не сакам да ме споредуваат со Ето бидејќи двајцата сме сосема различен тип на фудбалери", изјави Ибрахимовиќ.

"Барселона е најдобриот клуб во светот и многу малку екипи можат да си дозволат да го победат тимот на Хозеп Гвардиола, а ние сме едни од нив", кратко изјави Ето.

Последната пресметка на Џузепе Меаца меѓу Интер и Барселона беше во 2003 година кога мечот заврши 0:0. Во реваншот на На Ноу Камп "Нероазурите" беа декласирани со убедливи 3:0. Од сегашниот ростер на двете екипи само Хавиер Занети, и дуото на Барса Карлес Пујол и Чави Ернандез настапија на овие мечеви, а Андрес Иниеста беше на клупата.

Интер го нема подигнато трофејот по двојниот триумф во некогашниот КЕШ во 1964 и 1965 годинак, а оваа сезона на чело со Жозе Мурињо освојувањето на оваа вредна титула е главен приоритет.

На вечерашната средба Барселона ќе биде без услугите на Максвел, Бојан Кркиќ и Рафа Маркез, кои се повредени, а во спротивниот табор Жозе Мурињо нема да смета на Естебан Камбијасо и Марко Матераци.

Лион и Фиорентина по една сезона повторно ќе играат меѓусебно во групите од шампионската Лига. Лани францускиот претставник победи во Фиренца со 2:1, а на реванш натпреварот беше 2:2. Оваа сезона Лион претрпе големи промени во играчкиот кадар, беше продаден Карим Бензема, но тренерот Клод Пуел донесе одлични замени кои се прикажаа во одлично светло. Во групата Е главен фаворит е Ливерпул, а Лион и Фиорентина ќе се борат за второто место.

Можеби најлесна задача од сите клубови има Арсенал, кој во групата Х важи за број еден покрај дебитантите АЗ и Стандард и шампионот на Грција Олимпијакос.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

* Андриј Шевченко, кој ја освои ЛШ со Милан во 2003 година, има постигнато 18 гола на 28 натпревари играјќи за Динамо, вклучувајќи ги и квалификациите.

* Интер загубил само еден натпревар од 15 одиграни дома против шпански екипи.

* Екипата на Штутгарт по третпат во историјата ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите. Првпат настапи во 2003 година и тогаш ја мина групата, меѓутоа во осминафиналето беше сопрен од Челзи.

* Вклучувајќи ја победата од 2:0 над АЕК од Атина во третото квалификациско коло за влез во групите од ЛШ, Севиља забележа пет триумфи во серија на свој терен.

* АЗ Алкмар има 100% ефект против екипи од Грција.

* Динамо Киев не е поразен на домашен терен од 5 ноември 2008 година кога загуби од Порто со 2:1 во ЛШ. Украинскиот тим не потклекнал на 17 натпревари.

* Белгискиот шампион Стандард нема пораз на последните 15 натпревари, вклучувајќи ги и минатосезонските два дуела од плеј-офот против Андерлехт. Од тогаш имаат девет победи и шест нерешени средби.

* Ренџерс го држи светскиот рекорд по освоени титули. Шкотскиот клуб досега има 52 во своите трибини, а седумпати освојувал по три трофеи во една сезона.

* Лион по 10 пат ќе игра во групната фаза, а досега шестпати минал во следната фаза.

* Ливерпул има дадено по еден гол на последните 16 премиерлигашки средби.

* Дебрецен доби пет од шесте натпревари кои ги одигра во квалификациите за ЛШ, а гостувањето во Ливерпул е нивен втор натпревар во Англија откако претходно во 2005 година загубија од Манчестер Јунајтед со 3:0.

* Грчкиот шампион Олимпијакос по 12 пат ќе игра во групната фаза од ЛШ.

* Арсенал до сега се има сретнато само со еден клуб од Белгија и тоа во сезоната 1981/82 против Винтерслаг во Купот на УЕФА и во двата меча одигра нерешено.

ЈУБИЛЕЈ

Доколку вечерва Арсенал успее да забележи победа на гостувањето кај Стандард тоа ќе биде нивна јубилејна 50. победа во натпреварите од Лигата на шампионите. "Топчиите" досега имаат запишано вкупно 49 победи од натпреварите во групната и нокаут фазата. Првиот триумф за екипата од Емирати е забележан во 2000 година против Спарта Прага со 1:0, а последниот минатата сезона против Виљареал од 3:0 во четврт-финалето од ова натпреварување.

КУРИОЗИТЕТ

Екипата на Севиља на отворањето на новата сезона од Лигата на шампионите против Униреа ќе игра на нова трева на својот стадион Рамон Санчез Пизхуан. Андалузиската екипа реши да го реконструира тревникот на 1 јуни оваа година а истовремено направи добра зделка продавајќи го стариот. Тревникот на кој Севиља играше во изминатите четири години беше продадена на сите свои фановите за сума од 9,95 евра по парче.

Т-Хоме организира преноси во живо на највозбудливите фудбалски натпревари

Денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје, Т-Хоме организира пренос во живо на натпреварот меѓу големите фудбалски екипи на Интер и Барселона. Преносот започнува во 20:00, а влезот е бесплатен.

Љубителите на фудбалот и нивните друштва се поканети сите заедно на едно место да навиваат за својот фаворит и под отворено небо да ги споделат најдобрите фудбалски моменти.

По две недели, на 29 и 30 септември, ќе се пренесуваат уште два големи натпревари на Барселона-Динамо Киев и Баерн Минхен-Јувентус. Оваа несекојдневна забава и дружење, како и можноста да се проследуваат во живо најдобрите фудбалски натпревари оваа сезона, претставува продолжение на МаxТВ Летната кинотека, во чии рамки се прикажаа најголемите светски филмски хитови.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА

ГРУПА Е

ЛИОН - ФИОРЕНТИНА

Лион, "Жерлан"

Главен судија: Питер Винк (Холандија)

ЛИВЕРПУЛ - ДЕБРЕЦЕН

Ливерпул, "Енфилд"

Главен судија: Педро Алвес Гарсија (Португалија)

ГРУПА Ф

ИНТЕР - БАРСЕЛОНА

Милано, "Џузепе Меаца"

Главен судија: Волганг Штарк (Германија)

ДИНАМО К. - РУБИН КАЗАН

Киев, "Валери Лобановски"

Главен судија: Алан Хамер (Луксембург)

ГРУПА Г

ШТУТГАРТ - РЕНЏЕРС

Штутгарт, "ВФБ Арена"

Главен судија: Масимо Бусака (Швајцарија)

СЕВИЉА - УНИРЕА

Севиља, "Рамон Санчез Пизхуан"

Главен судија: Матео Трефолони (Италија)

ГРУПА Х

ОЛИМПИЈАКОС - АЗ АЛКМАР

Атина, "Јоргос Караискакис"

Главен судија: Виктор Касаи (Унгарија)

СТАНДАРД - АРСЕНАЛ

Лиеж, "Морис Дуфран"

Главен судија: Едуардо Итуралде Гонзалез (Шпанија)

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА Е

1. КОЛО (16.09.2009)

ЛИОН - ФИОРЕНТИНА

ЛИВЕРПУЛ - ДЕБРЕЦЕН

2. КОЛО (29.09.2009)

ФИОРЕНТИНА - ЛИВЕРПУЛ

ДЕБРЕЦЕН - ЛИОН

3. КОЛО (20.10.2009)

ЛИВЕРПИЛ - ЛИОН

ДЕБРЕЦЕН - ФИОРЕНТИНА

4. КОЛО (04.11.2009)

ЛИОН - ЛИВЕРПУЛ

ФИОРЕНТИНА - ДЕБРЕЦЕН

5. КОЛО (24.11.2009)

ДЕБРЕЦЕН - ЛИВЕРПУЛ

ФИОРЕНТИНА - ЛИОН

6. КОЛО (09.12.2009)

ЛИВЕРПУЛ - ФИОРЕНТИНА

ЛИОН - ДЕБРЕЦЕН

ГРУПА Ф

1. КОЛО (16.09.2009)

ИНТЕР - БАРСЕЛОНА

ДИНАМО - РУБИН

2. КОЛО (29.09.2009)

РУБИН - ИНТЕР

БАРСЕЛОНА - ДИНАМО

3. КОЛО (20.10.2009)

ИНТЕР - ДИНАМО

БАРСЕЛОНА - РУБИН

4. КОЛО (04.11.2009)

РУБИН - БАРСЕЛОНА

ДИНАМО -ИНТЕР

5. КОЛО (24.11.2009)

БАРСЕЛОНА - ИНТЕР

РУБИН - ДИНАМО

6. КОЛО (09.12.2009)

ДИНАМО - БАРСЕЛОНА

ИНТЕР - РУБИН

ГРУПА Г

1. КОЛО (16.09.2009)

ШТУТГАРТ - РЕНЏЕРС

СЕВИЉА - УНИРЕА

2. КОЛО (29.09.2009)

РЕНЏЕРС - СЕВИЉА

УНИРЕА - ШТУТГАРТ

3. КОЛО (20.10.2009)

ШТУТГАРТ - СЕВИЉА

РЕНЏЕРС - УНИРЕА

4. КОЛО (04.11.2009)

УНИРЕА - РЕНЏЕРС

СЕВИЉА - ШТУТГАРТ

5. КОЛО (24.11.2009)

УНИРЕА - СЕВИЉА

РЕНЏЕРС - ШТУТГАРТ

6. КОЛО (09.12.2009)

СЕВИЉА - РЕНЏЕРС

ШТУТГАРТ - УНИРЕА

ГРУПА Х

1. КОЛО (16.09.2009)

СТАНДАРД - АРСЕНАЛ

ОЛИМПИЈАКОС - АЗ АЛКМАР

2. КОЛО (29.09.2009)

АРСЕНАЛ - ОЛИМПИЈАКОС

АЗ АЛКМАР - СТАНДАРД

3. КОЛО (20.10.2009)

АЗ АЛКМАР - АРСЕНАЛ

ОЛИМПИЈАКОС - СТАНДАРД

4. КОЛО (04.11.2009)

АРСЕНАЛ - АЗ АЛКМАР

СТАНДАРД - ОЛИМПИЈАКОС

5. КОЛО (24.11.2009)

АЗ АЛКМАР - ОЛИМПИЈАКОС

АРСЕНАЛ - СТАНДАРД

6. КОЛО (09.12.2009)

ОЛИМПИЈАКОС - АРСЕНАЛ

СТАНДАРД - АЗ АЛКМАР



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...