Барса го прегази Интер, но не го победи

Италијанскиот првак Интер изгледаше како маалски клуб во дуелот со Барселона, но на крајот успеа да извлече бод. "Каталонците" на крајот беа жртви на сопствената атрактивна игра и желбата буквално со топката да влезат во мрежата, па мораа да се задоволат со бод иако го имаа натпреварот во свои раце. Гвардиола може да биде задоволен од она што го демонстрираа неговите фудбалери, меѓутоа во иднина Барселона ќе мора да работи на реализацијата иако тоа беше најсилното оружје на оваа екипа во минатото. Евидентно е дека Ибрахимовиќ не е фудбалер кому му одговара играта на европскиот првак и ако тој не успее да се вклопи во колективот и целосно да го замени Ето, Барса ќе има многу проблеми. Истото може да се каже и за Интер кому очигледно му недостасува фудбалер како Ибрахимовиќ бидејќи Милито и Ето се сличен тип на напаѓачи.

Што се однесува до играта на Џузепе Меаца, неа во текот на целиот натпревар ја диктираше гостинскиот тим. Барселона ги имаше изгледните шанси, постојано играше на противничката половина додека дефанзивците на Интер се плашеа да имаат повеќе од два контакти со топката, па постојано ја исфрлуваа од пред голот. Сепак, останува впечатокот дека иако ги контролираше играта и темпото Барселона не создаде ниедна стопроцентна шанса. Интер одлично се бранеше, Самуел, Киву и Лусио одлично се надополнуваа, а во играта на шпанскиот клуб ја немаше препознатливата разновидност, па Меси, Чави и Алвес најчесто се обидуваа со длабински топки да ги најдат Ибрахимовиќ и Анри. Факт е дека Барселона сосема ја заслужи победата на ова дерби од првото коло на Лигата на шампионите, но за првиот триумф во новата сезона ќе мора да почека две недели кога на Ноу Камп доаѓа Динамо Киев со Андриј Шевченко.

Од другите дуели од вчерашната програма, за издвојување е големиот пресврт што го направи Арсенал кој иако по само пет минути игра имаше негатива од 0:2, на крајот славеше победа и стигна до првите бодови во сезоната. Сличен пресврт направи и Динамо Киев против Рубин Казан и најави дека има може да се бори за првото место во групата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...