Челзи и Сити со 140 милиони фунти по Торес

Според пишувањата на англискиот весник News of the World, напаѓачот на Ливерпул, Фернандо Торес би можел да стане најскап фудбалер во историјата на фудбалот ако реши да си замине од Енфилд. Имено, Челзи и Манчестер Сити се согласиле да понудат неверојатни 140 милиони фунти за да го осигураат потписот на Шпанецот.

Освен тоа двата клуба наводно се подготвени да му обезбедат неделна плата од 280 илјади фунти. Оваа сума ја надминува досегашниот рекорден премин од 80 милиони фунти на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.

Познато е дека Ливерпул би се нашол во многу големи проблеми доколку не обезбеди место кое води во Лигата на шампионите следната сезона. "Црвените" ќе изгубат доста пари, а ќе немаат доволно да ги исплатат ѕвездите во тимот, па така ќе бидат принудени да ги продаваат.

Рафа Бенитез посочи дека нема намера да се откаже од најдобрите, меѓутоа тој не може ништо да стори доколку сопствениците се согласат за трансфер. Пред неколку дена беше соопштено дека Интер, покрај Реал Мадрид и Барселона подготвува мега-понуда до уште една ѕвезда на тимот од Енфилд, капитенот Стивен Џерард.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Жена ми има многу лоша навика во последно време. Се буди секоја вечер во 2 сабајле.
- И што прави после?
- Ме чека да си дојдам дома.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1939.- Британскиот доминион Канада и објави...
1944.- Во ослободениот Париз, генерал Шарл де...
1979.- Во Москва умре Антониот Агустино Нето,...
1991.- Регистирано е политичкото здружение...