Никој нема да не престигне

Италијанскиот шампион Интер успеа да ја преживее пеколната недела во која прво го мина Челзи во осминафиналето од Лигата на шампионите, а потоа одигра 1:1 на гостувањето кај Палермо за на крајот да остане на првата позиција на табелата во Серија "А" пред се благодарение на нерешениот резултат на нивниот конкурент Милан во дуелот со Наполи. Екипата од Џузепе Меаца има само една победа на последните седум натпревари, што е најлоша серија по сезоната 2004/05. Меѓутоа тренерот Жозе Мурињо воопшто не е загрижен за ситуацијата во која се наоѓа неговиот тим, бидејќи верува дека фудбалерите се способни да одиграат квалитетно до крајот и да го одбранат трофејот.

"Конкурентите ги пропуштија своите шанси да не престигнат. Повеќе нема да им пружиме вакви можности. Сега играме со Ливорно и тоа ќе биде почетокот на нова наша победничка серија", изјави Мурињо.

По дуелот со Ливорно в среда Интер ќе го одигра дербито на Олимпико против Рома еден од клучните мечеви за "Скудетото". На неговите изјави се приклучи и голманот Жулио Цезар кој додаде дека сите екипи кои играат против Интер дополнително се мотивирани и целосно мобилизирани, меѓутоа тоа не му пречи на неговиот тим во обидот да стигне до бодовите.

"Апсолутно сум сигурен дека повторно ќе бидеме шампиони. Иако ги пропуштивме двата бода против Палермо, докажавме дека сме страшен тим. Сите противници се трудат максимално кога играат со нас, но тоа е логично. Ние сме шампиони и сите сакаат да се надигруваат со нас. Не стравувам од конечниот епилог на сезоната, бидејќи верувам дека Интер на чело со Мурињо ќе стигне до нова титула", изјави бразилскиот голман.

По одигрувањето на 29 коло во Серија "А" Интер е на првата позиција со 60 освоени бодови, еден повеќе од Милан и четири од Рома на третото место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...