Пандев со Интер по титула во Рим

Македонецот се враќа на „Олимпико"

Нашиот најдобар фудбалер најавен како стартер кај Мурињо иако по повредите се враќаат Станковиќ и Снајдер

Интер со +4 бодови гостува на Рома во големата дерби пресметка во Серија А каде тимот на Горан Пандев оди да ја сочува и зголеми предноста со што ќе направи голем чекор кон одбраната на титулата. По триумфот со 3:0 над Ливорно тимот на Жозе Мурињо сега влегува во тешка гостинска мисија иако сили треба да се чуваат и за в среда кога Интер игра дома со ЦСКА Москва во првиот 1/4 финален дуел од Лигата на шампионите.

Она што е важно е тоа што Горан Пандев првпат откако е член на Интер доаѓа во Рим и на "Олимпико" каде во минатите 5 години блескаше како фудбалер на Лацио. Според медиумиоте во Италија, гостинот со офанзивна тактика оди на дуелот со силната "волчица" која се надева дека со триумф над "сино-црните" ќе влезе во битката за престолот во Серија А. Жозе Мурињо, најверојатно, денеска ќе тргне со три напаѓачи, и тоа Ето, Милито и Пандев. Во комбинација по повредата се враќаат Снајдер и Станковиќ и според најавите Интер се очекува да игра во слична формација како и против Челзи во Лондон пред десетина дена.

Дуелите со Рома во минатото беа посебни за нашиот Пандев, кој како член на Лацио секогаш имаше голем дуел во ваквите градски пресметки на Рим. Струмичанецот веќе 7 средби не се запиша во листата на стрелците за Интер, а денешниот дуел со Рома е вистински предизвик да се прекине оваа пауза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...