Кака го пропушта Ел Класико

Една од ѕвездите на Реал Мадрид Кака ќе го пропушти големото шпанско дерби со Барселона откако стана јасно дека нема шанси да се соземе од проблемите со хернија. Ситуацијата стана јасна откако во понеделникот тренерот Мануел Пелегрини имал разговор со физиотерапевтот Педро Куека, кој му соопштил дека на Кака му е потребно време за заздравување и дека не трева да ризикува со пуштање предвреме во "оган", по што Чилеанецот веднаш го отпиша од составот за големиот дуел кој решава за титулата во шпанското првенство. Моментално Кака работи индивидуално со полесно трчање и вежбалница, меѓутоа се уште никој од клубот не може да потврди кога Бразилецот би се вратил на фудбалските терени. Последен пат се појави на 10 април кога ги одигра последните 13 минути од реванш мечот од Лигата на шампионите со Лион кога неговиот тим испадна од трката по трофејот.

Оваа повреда не е ништо ново за Кака бидејќи поради истата претходно отсуствуваше речиси месец и половина. Откако пристигна во Мадрид никако не може да ја развие својата препознатлива игра, иако за него Реал плати 64 милиони евра. Оваа сезона одигра вкупно 22 натпревари, а постигна само осум погодоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...