Ѕвездите на фудбалскиот клуб Барселона, Златан Ибрахимович и Жерард Пике се фатени во поза како нежно се пипкаат за која многумина би ја прогласиле за компромитирачка. Шпанскиот весник Marca и италијанскиот телевизиски канал Sky први ја објавија веста во која се шпекулира за хомосексуалната ориентација на Имрахимович и Пике.

Во меѓувреме на друштвената мрежа Facebook веднаш се оформија групи од обожавателите на двајцата фудбалери кои се шокирани од гласините дека меѓу нивните омилени играчи има нешто повеќе од пријателство.

Фудбалерите често меѓу себе си разменуваат нежности за време на натпреварите. Неодамна познатите фудбалери на Манчестер Јунајтед, Гери Невил и Пол Сколс се бакнаа откако Сколс постигна победоносен гол. Иако тогаш Невил во уста сочно го бакна Сколс, сепак тоа не беше доказ за нивната хомосексуалност.

Да се надеваме дека Ибрахимович и Пике само се тешеле меѓу себе во тешките моменти, а не разменувале љубовни изјави.
