Барса го нуди Ибрахимовиќ во Англија

Напаѓачот на Барселона Златан Ибрахимовиќ би можел да направи рекорден трансфер во Англија ако премине во Челзи или Манчестер Сити. Шведскиот репрезентативец не одигра онака како што се очекуваше сезонава, а Барса посакува на неговото место да донесе нов напаѓач. Англискиот таблоид Дејли меил открива дека претседателот на каталонскиот клуб Лапорта го ангажирал агентот Пини Захави да најде купувач кој е способен да плати 40 милиони фунти, а засега за такво нешто се способни само Манчестер Сити и Челзи.

И двата англиски Премиерлигаши имаат во план да го ангажираат голгетерот на Ливерпул Фернандо Торес ова лето, а за него ќе мора да платат одлични 70 милиони фунти меѓутоа по најновиот развој на настаните би можеле да се премислат и да го ангажираат Швеѓанецот за многу помала сума.

Сегашниот рекорден трансфер во Премиер-лигата изнесува 32,5 милиони фунти и го држи Сити со купувањето на бразилската ѕвезда Робињо меѓутоа сега е вистински момент истиот да биде срушен но и англиското првенство да добие уште еден голем фудбалер. Се шпекулира дека Сити и Челзи се согласиле на оваа сума која ја бара Барса па останува уште да се договорат со Ибрахимовиќ околу личните услови.

Инаку шведската мега-ѕвезда која пристигна на Ноу Камп како дел од трансферот на Самуел Ето во Интер се најде под голем притисок поради слабото издание во дебитантската сезона во дресот на "блауграна". Досега постигна 16 гола меѓутоа забележа многу утки, а не одигра на потребното ниво во најважните мечеви на својот тим, како пример дуелите со Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Парите што ќе ги добие со продажбата на Ибра Барселона ќе ги искористи за купување на голгетерот на Валенсија Давид Виља. Шпанскиот весник Ел Мундо Депортиво соопштува дека Валенсија ќе се согласи да го пушти Виља за сума од 40 до 45 милиони евра, а фудбалерот ќе потпише четиригодишен договор. Наводно новото засилување ќе биде претставено на 19 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На час по биологија. Ајде деца кој ќе ми каже некое убаво цвеќе.
- Љубичица!
- Браво, многу убаво.
- Нарцис, учителке..
- Браво, многу убаво.
Малиот Трпе.
- Оргазам...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1900.- Во Струга е роден Ристо Крле, македонски...
1921.- Во Куманово е роден Христијан Тодоровски...
1943.- Во Сиракуза, во Италија е потпишано...
1997.- Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во...