Работнички ќе се обиде да му се спротистави на Ливерпул

Околу 22.000 гледачи ќе го следат утрешниот фудбалски спектакл од третото квалификациско коло од Лигата на Европа  меѓу Работнички и англискиот гигант Ливерпул. Портите на Националната арена „Филип Втори“ утре во 18:20 часот ќе бидат отворени за навивачите, а по налог на УЕФА со цел да се избегнат турканиците и да се овозможи подобра контрола на билетите ќе бидат затворени во 19:45, иако натпреварот почнува во 20:45 часот.

Ливерпул е апсолутен фаворит на утрешниот натпревар иако стратегот на Работнички Зоран Стратев остава неколкупроцентна можност за сензација и позитивен исход под кој се подразбира и реми.

- Им кажав на фудбалерите дека треба да уживаат на теренот заедно со љубителите на фудбалот. Убеден сум дека ќе одиграат најдобро што можат и ќе го остават срцето на теренот. Атмосферата во клубот е на завидно ниво и се надевам дека љубителите на фудбалот ќе бидат задоволни без разлика на крајниот резултат на натпреварот. Ливерпул е апсолутен фаворит, иако потајно се надевам на позитивен  резултат под кој го подразбирам и нерешениот исход, рече Стратев на денешната прес-конференција.

Тој најави дека без разлика на големината на Ливерпул тактичката поставеност на Работнички ќе биде 4:3:3 со можна трансформација во 4:5:1 во зависност од резултатот. За утрешниот натпревар во составот ги најави фудбалерите кои се изборија Ливерпул да дојде во Скопје иако не исклучи кој било од останатите играчи да влезе во игра.

Капитенот на Работнички Никола Глигоров и вети на 22-илјадната публика дека ќе биде задоволна  од натпреварот и покрај трансферите во поголеми клубови на некои од играчите во последниве неколку недели.

- Во клубот владее опуштена атмосфера и цела седмица живееме и посакуваме Ливерпул во Скопје да настапи со најсилниот состав  и да видиме до каде сме, иако за резултатот би било подобро да дојдат без ѕвездите, рече Тодоров.

Од управата на Работнички посочуваат дека во продажба биле пуштени 20.000 нумерирани билети за двете трибини со специјална заштита кои веднаш се распродадени. Дури и партнерите на клубот и државните институции изразиле желба да си ги платат своите билети што и направиле. Гратиси им биле поделени единствено на најблиските на играчите.

Официјално 1.157 билети платил Ливерпул за своите навивачи, а биле одбиени барањата за 5.000 резервации за фудбалските фанови на англискиот гигант од соседните земји. Од натпреварот, според барањата за резервации, ќе известуваат и 80 новинари од Велика Британија.

Ливерпул веќе допатува во Скопје, а попладнево ќе одржи тренинг и прес-конференција. Екипата со себе носи огромна опрема, како и свои готвачи и медицински персонал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...