Хоџсон стравува пред мечот со Работнички во Скопје

Лондон,29 јули 2010 (МИА) - Тренерот на Ливерпул Рој Хоџсон изјави дека стравува за исходот на натпреварот со Работнички во Скопје, затоа што поради ситуацијата во која се наоѓа овој познат англиски премиерлигаш, во главниот град на Македонија мораше да отпатува со многу млади и неискусни фудбалери.

Во разговор за БиБиСи, Хоџсон рече дека екипата игра во Скопје против силен противник кој, како што објасни, преку мечот со Ливерпул ја гледа својата шанса за афирмација и напредок на европската сцена. Првиот човек на овој англиски клуб призна дека вечерашната средба со македонската екипа резултатски е сосема неизвесна, што е сосема спротивно од очекувањето на навивачите на Ливерпул и на англиската фудбалска јавност, дека Работнички не  е противник од кој треба да се стравува.

За Македонија не отпатуваа Стивен Жерард, Џејми Карагер, новото засилување од „Челзи" Џо Кол, како и Глен Џонсон, затоа што тренерот Хоџсон сака да им остави повеќе време за опоравување по обврските што ги имаа со англиската репрезентација на Светското првенство. Овие четворица играчи пред една недела се вклучија во тренинзите пред новата фудбалска сезона.

- Не сакав да го однесам Жерард во Скопје за да игра само последните десет минути од натпреварот, како резерва, објасни новиот кормилар на Ливерпул.

Поради повреда дома остана и Фернандо Торез, двајцата Аргентинци Хавиер Маскерано кој најави дека би сакал да го напушти Ливерпул и Макси Родригез, кои штотуку почнаа со тренинзите во клубот, како и холанѓанецот Дирк Кајт кој играше до последниот ден на светското првенство во Јужна Африка.

Лондонските медиуми забележуваат дека на Ливерпул „очајнички му е потребен успех“ во Македонија и учество во натпреварите во групи во Европската лига, по минатогодишната катастрофално лоша сезона во домашното првенство и во европските натпреварувања. Победата во дуелите со Работнички, му се мошне важни и на Хоџсон, откако тој од лондонски „Фулам“ се пресели во Ливерпул, клуб чии амбиции секоја година се мошне големи. Според лондонските медиуми Рој Хоџсон преку Скопје ќе треба да покаже дека неговите минатогодишни успеси со Фулам на меѓународната сцена не биле случајни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...