Македонија сака нова страница на европскиот пат!

Најдобриот македонски национален тим, по осум идентични квалификациски циклуси и 15 години "заробеност" на четвртата позиција во групите, вечерва од релативно скромниот фудбалски капацитет "Пасиенки" во центарот на Братислава започнува за себе нова квалификациска приказна во обидот конечно името Македонија да се извиши на вистински начин меѓу европскиот фудбалски крем.

Желни се нашите интернационалци, и по неколкудневните мини подготовки овде покрај Дунав, максимално позитивно против селекцијата која беше пријатно изненадување на последниот Светски шампионат во Јужноафриканската република да го стартуваат својот пат во квалификациите за пласман на ЕП 2012 во Полска и во Украина. А, Словачка е противник кој треба максимално да се респектира, но не и противник од кој треба да се стравува...

"Храброста треба да биде нашето лице во новите квалификации. Долго време овој состав на селекцијата игра заедно сега дополнета со неколку нови имиња, имаме одлична атмосфера, па конечно треба да направиме нешто повеќе за нашата нација, за себе и за македонскиот фудбал и на резултатски план", вели стандардниот македонски офанзивец Илчо Наумоски кој очекува жестока "битка" против повеќе од "жилавите" Словаци.

"Добро е, според мене, што стартуваме на гостински терен. Со еден добар резултат само дополнително ќе се засили позитивниот импулс за следните дуели. Можеби Словачка не е толку атрактивна селекција, но компактен тим кој игра колективно, цврсто и секогаш на резултат. Сепак, тоа нас не смее да не плаши, затоа што ние силно веруваме во сопствените квалитети и доколку одиграме единствено мотивирано резултатот нема да изостане".

Безмалку идентично е размислувањето и на дефанзивецот Игор Митрески, според кого мудроста во играта, трпеливоста но и концентрацијата на секој дел од теренот низ сите 90 минути може да не доведат до целта, не само на овој натпревар но и низ целите квалификации.

"Словаците во своите редови ги имаат Хамшик, Вајс, Витек, Штох, Шкртел... Одличен тим кој покажа и на СП 2010 дека може одлично да им парира и на најдобрите светски селекции. Јасно е дека, посебно кога играат и на свој терен, ја носат фаворитската улога но мислам дека и самите тие се повеќе од свесни и во нашиот квалитет. Ние се концентрираме на она што е наша цел и амбиција за овој натпревар. Ќе биде повеќе од тешко да се стигна до позитивен резултат, но ние секако сме подготвени за тоа", вели Митрески.

Низ новите квалификации серија дебитанти, според најавите на селекторот Мирсад Јонуз, ќе продефилираат низ селекцијата. Марио Ѓуровски, заедно со Иван Тричковски, Александар Лазевски, Александар Тодоровски..., е дел од фудбалерите кои очекуваат уште денеска свое официјално деби во националниот тим на еден квалификациски натпревар.

"По тест средбите со Романија, Азербејџан и Малта сега сигурно посакувам деби во квалификациите на кои ќе покажеме дека Македонија има квалитет за многу изненадувања во оваа група. Одличната атмосфера која владее во тимот верувам дека ќе придонесе да дојдеме до убав резултат на почетокот од квалификациите. Сите во тимот сме желни Македонија во Братислава да приреди вистинско изненадување. Добро е Словаците да не потценат, па убаво да ги шокираме", вели Ѓуровски.

А, во очекување на денешната средба стручниот штаб на нашиот национален тим се соочува единствено со една до две дилеми околу стартниот тим. Дилема се десната бековска позиција, но и левата страна од средниот ред каде како една од можните варијанти се спомнува Горан Попов со Александар Лазевски на левата бековска позиција. Сепак, во игра се и стартни минути за Марио Ѓуровски, со се поверојатен почеток со Пандев и Наумоски во нападот. Во секој случај, без разлика на составот, подеднаква е подготвеноста во тимот од срце на Македонија уште вечерва да и се донесе вистинска радост која дополнително ќе ги засили амбициите за тоа што не очекува веќе за четири дена на "Филип Втори" во Скопје, и понатака... до Полска и до Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Зошто кравата гледа тажно?
- Па и ти ќе гледаш тажно да те влечат за цицки секој ден, а да те сексаат еднаш годишно.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на слепите
- Меѓународен ден на пешачењето
70 п.н.е.- Роден е римскиот писател Публиус...
1529.- Турскиот султан Сулејман II се откажа од...
1542.- Роден е царот Абу ул Фат Џелалудин Акбар,...