Победа против Ерменија, императив за македонските фудбалери

Само победа и освојување на трите бода во утрешниот дуел против Ерменија ќе значи опоравување за македонските фудбалски репрезентативци по загубениот натпревар во Словачка со гол примен во судиското надополнување. Императивот победа е голем психолошки товар за сите играчи, но тие се решени да стигнат до првите три бодови во новиот во новиот квалификациски циклус за Европското првенство 2012 година.

Македонската репрезентација на натпреварот против Ерменија ќе ја води помошник селекторот Влатко Костов, бидејќи Мирсад Јонуз беше исклучен на мечот во Братислава. Сепак Јонуз најави дека подготовките течат како што е планирано, а комуникацијата со играчите на самиот натпревар нема да изостане.

- Ерменија е неатрактивен, но и доста незгоден противник. Ние треба да играме стрпливо, мирно и без нервоза. Со многу додавања и колективна игра можеме да ги искористиме нивните слабости во одбраната и да дојдеме до победата која многу ќе ни значи за понатамошниот тек на квалификациите. Комуникацијата со Костов е договорена и верувам во успех, истакна македонскиот селектор на денешната прес-конференција.

Јонуз најави систем 4-3-3 со што репрезентацијата ќе се врати на формацијата на играта од подготвителниот период. Според него со ваков систем Македонија не можеше да игра против Словачка.

- Ние во зависност од силината и тактичката игра на противникот, како и значењето на резултатот ќе ја дефинираме нашата тактика. Тактиката против Словачка беше добра, само што фалеше психолошкиот момент во одредени фази од натпреварот. Гарантирам дека ако со Словачка игравме отворено, ќе примевме два или три гола. Македонија утре ќе игра со три „шпиц“ играчи и двајца офанзивни бекови и тоа кажува дека сме решени да играме доста офанзивно против евентуален „бункер“ од Ерменците. Поквалитетни сме и подготвени да го совладаме противникот, додаде Јонуз.

И капитенот Горан Пандев посакува триумф против Ерменија како сатисфакција за поразот од Словачка.

- После поразот од Словачка чувствуваме психолошки притисок. На таа средба заслуживме да останеме непоразени и да освоиме најмалку бод. Уште не ми се верува дека го изгубивме тој натпревар на кој истрчавме многу, игравме мудро и пријатно сум изненаден од нашата игра во Братислава. Но, мора да се соземеме брзо. Немаме друг избор и мора да ги освоиме трите бода. Ако рано го отвориме резултатот ќе ни биде многу полесно да дојдеме до победата, рече Пандев.

Натпреварот Македонија - Ерменија е закажан за утре на „Националната арена Филип Втори“ со почеток од 20 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...