Ерменците плаќаат за Словаците

Најдобрата македонска селекција, откако во финишот од дуелот во Братислава остана без посакуван бод на стартот од квалификациите за пласман на Европскиот шампионат 2012, сега на "Филип Втори" вечерва, од 20 часот (МТВ), на домашен терен, против селекцијата на Ерменија во потрага по првите три бода на својот пат кон Полска и Украина.

Сосема е јасно и за македонските репрезентативци дека триумфот над Ерменците е единствениот можен посакуван епилог во обидот и натаму да се остане конкурентен низ евро квалификациите, без разлика што деновиве паралелно националите се "бореа" и со психолошкиот товар да се надмине болниот незаслужен пораз од Словаците во Братислава.

"Не е лесно да се соочите со несреќниот незаслужен пораз во Словачка кој ни донесе силен психолошки товар деновиве, меѓутоа сите во репрезентацијата сме свесни дека мора брзо да се соземеме и максимално концентрирани да пристапиме кон натпреварот со Ерменија на кој безусловно пред нашите навивачи атакуваме на трите бода", вели капитенот на нашиот состав, Горан Пандев.

Според најдобриот македонски фудбалер не смее да има никакво потценување на противникот. Единствено активен ангажман на секој поединец низ сите 90 минути може да не донесе до посакуваната триумфална цел.

"Нема слаб противик во модерниот фудбал. Токму така му пристапуваме и на вториот квалификациски натпревар во нашата група против Ерменците. Трите бода ни се и тоа како значајни, затоа што уште на стартот покажавме дека низ долгите квалификации ќе има многу неизвесности", истакнува Пандев дополнувајќи дека селекцијата покажа добра форма на средбата во Братислава, која сега треба да се надогради и круниса со првата победа.

"Според мене игравме тактички добро во Словачка поради што се уште не можам да поверувам дека загубивме така несреќно низ последните моменти од средбата. Тимот е навистина физички добро подготвен поради што сите заедно веруваме во првиот триумф. Секако, Ерменците нема да дојдат во Скопје однапред предадени. Но, ние ги знаеме нашите желби и амбиции и единствено според нив ќе се водиме", вели Горан Пандев.

Согласно размислувањата на селекторот Мирсад Јонуз единствениот момент кој ќе биде проблематичен за нас и низ овој, како и низ претходните квалификациски циклуси, е оној психолошкиот. Надминувањето на тие проблеми може да не донесе до позитивни резултати. Против Ерменците сега силно ќе треба да се соочиме и со улогата на големи фаворити во дуелот.

"Мислам дека единствениот наш недостаток, што се покажа и во Словачка, е психолошкиот момент. Тактички мислам дека играме квалитетно, меѓутоа фудбалерите мора да бидат физички, психолошки и филозофски добро подготвени кој ќе дојдат во најдобриот тим. Верувам дека сега сме комплетно подготвени за првата победа во групата", вели Јонуз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...